Нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Израел го нападна јеменскиот пристаништен град Ходеида, погодувајќи складишта за гориво и градската централа. Првиот одговор од Јемен – беа лансирани неколку балистички ракети кон израелското летувалиште Еилат.
-
Свет 22.07.2024 08:49
-
Свет 21.07.2024 20:37
Џо Бајден се повлече од претседателската трка
Актуелниот американски претседател Џо Бајден на денеска објави дека повеќе нема да се кандидира за втор мандат поради зголемената загриженост во неговата партија за неговите шанси да победи на изборите во ноември 2024.
-
Свет 21.07.2024 19:51
Пукање на собир во Филаделфија, три мажи се убиени
Три мажи се убиени, а најмалку шест лица се ранети во пукање на собир во Филаделфија, соопштија властите.
Не е соопштено за каков собир станувало збор.
-
Свет 21.07.2024 19:21
Граѓански немири во Бангладеш
Немири избувнаа во главниот град во Бангладеш поради воведувањето на противречниот систем со квоти за барателите на работа во државната администрација.
-
Свет 21.07.2024 12:49
Украина ги уништи сите руски дронови над Киев
Украинската противвоздушна одбрана ги уништи сите руски дронови над Киев, соопштија во Министерството за одбрана. Слична вест пристигна и од Москва, ликвидирани се експлозивните беспилотни летала врз белгородската област и над Црно Море.
-
Свет 21.07.2024 12:33
Трамп и Венс во Мичиген, клучна држава за американските избори
Прв собир на републиканските кандидати за претседател и потпретседател, Трамп и Венс во Мичиген, клучната држава за американските избори. Венс се осврна на иднината на северноатлантскиот договор за слободна трговија и за статусот на Кина во светската трговска организација.
-
Свет 21.07.2024 12:23
Се усложнува безбедносната состојба на Блискиот Исток
Не нè потценувајте, ќе го браниме Израел со сите средства, и порача премиерот Нетањаху, како што ја нарече, оската на злите земји предводени од Иран. Тој ги потврди воздушните напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, кое според премиерот е наменето за снабдување со оружје за Техеран.
-
Свет 20.07.2024 20:52
Земјотрес од 4,2 степени ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на островот Крит, на длабочина од 5 километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета.
-
Свет 20.07.2024 14:57
Половина век од турското истоварување на Кипар
Во претседателската палата во Никозија, Кипар, се одбележува 50 години од истоварувањето на турската армија на Кипар откако претходно беше изведен државен удар од грчката воена хунта.
-
Свет 20.07.2024 14:16
Гори Баптистичка црква во Далас
Пожар во првата Баптистичка црква во Далас, Тексас. Се уште непозната причината за огнената стихија што речиси ја проголта историската знаменитост.










