Украинската армија е под притисок од руските сили и под постојани удари од копно и воздух. Расте бројот на држави што ветуваат помош. Киев ги повлекува тенковите „Абрамс“ од бојното поле, не може да ги заштити од напади со беспилотни летала.
-
Свет 26.04.2024 11:44
-
Свет 26.04.2024 09:33
Продолжува притисокот на руските сили врз украинската војска
Украинската армија е под притисок од руските сили и под постојани копнени напади, воздушни бомбардирања и артилериски оган. Киев ги повлекува тенковите „Абрамс“ од бојното поле, бидејќи не може да ги заштити од напади со беспилотни летала.
-
Свет 26.04.2024 09:17
Вашингтон и Пекинг предупредија на опасноста од меѓусебни недоразбирања
Вашингтон и Пекинг предупредија на опасностите од меѓусебни недоразбирања и погрешни пресметки. Двете страни се со различни во ставови за бројни билатерални, регионални и глобални прашања. Истакната важноста за отворени линии за комуникација.
-
Свет 26.04.2024 09:13
Заврши усното излагање за имунитетот на Трамп
Пред Врховниот суд на САД заврши усното излагање на аргументи за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинет за обид да ги поништи претседателски избори во 2020 година. Следната јавна седница е закажана за 9 мај.
-
Свет 26.04.2024 09:09
Макрон: Европа не смее да стане вазал на САД
Францускиот претседател Макрон повика на посилна и поинтегрирана европска одбрана, нагласувајќи дека континентот не смее да стане вазал на САД. Тој предупредува дека Европа е на пресвртна точка и дека може да згасне доколку заостане зад светските ривали.
-
Свет 26.04.2024 09:06
Силите на Киев под деноноќен артилериски оган
Украинските сили кои го бранат Часов Јар се под силен притисок од руските сили кои почнуваат копнени напади, воздушни бомбардирања и деноноќен артилериски оган. Продолжуваат нападите и во Доњецк, Харков.
-
Свет 26.04.2024 09:04
Напади во Рафах и во централна Газа
Израелската армија ги продолжува нападите врз цели во Рафах и централна Газа. Палестинската управа бара истрага за масовните гробници во болниците во енклавата, каде што беа пронајдени околу 400 тела. Израелската одбрана ги негира наводите.
-
Свет 25.04.2024 12:20
Зеленски благодарен на САД и другите сојузници за воената помош
САД испратиле ракетен систем со долг дострел во Украина, соопшти Стејт департментот. Потврдата стигнува откако американски медиуми објавија дека тој систем бил користен за бомбардирање на руски воен аеродром на полуостровот Крим.
-
Свет 25.04.2024 11:52
Не мируваат размените на оган во Појасот Газа
Израелската војска вети дека ќе го гони Хамас насекаде во Газа, по објавувањето на видеоснимка од израелско-американски заложник. 23-годишниот Херш Голдберг-Полин беше киднапиран на музички фестивал кога Хамас го нападна Израел на 7-ми октомври.
-
Свет 25.04.2024 11:45
Над 282 милиони луѓе во светот се соочија со глад изминатата година
Над 282 милиони луѓе во 59 држави и територии се соочија со несигурност во храна изминатата година, стои во Глобалниот извештај за кризата со храна. Овие бројки претставуваат зголемување од 24 милиони во однос на 2022-та година.










