Израелскиот премиер ја распушти воената влада, која беше формирана по нападот на Хамас на 7-ми октомври. Според аналитичари, потегот на Нетанјаху е очекуван.
-
Свет 17.06.2024 12:09
-
Свет 17.06.2024 12:01
НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност
Во екот на војната во Европа, НАТО разговара за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите од Русија и Кина, изјави генералниот секретар Столтенберг.
-
Свет 17.06.2024 09:43
Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани се 1.200 луѓе
Властите во Калифорнија евакуираа најмалку 1.200 луѓе поради шумски пожар во округот Лос Анџелес кој се прошири на илјадници хектари во близина на главниот автопат.
Предизвикани се потешкотии во сообраќајот. Противпожарните служби од копно и од воздух се борат со пламените јазици.
-
Свет 17.06.2024 09:41
Албанес и Ли Кианг се сретнаа во Канбера
Австралија и Кина разговараа за подобрување на комуникацијата меѓу војските на двете држави со цел да се избегнат инциденти. Премиерите Албанес и Ли Кианг се сретнаа во Канбера.
-
Свет 17.06.2024 09:35
Хагари: Хезболах не носи до раб на ескалација што може да има катастрофални последици
Серија експлозии ги потресоа населбите од двете страни на израелско-либанската граница. Израелски воени авиони го уништија воениот комплекс на Хезболах во јужен Либан, додека десетици ракети беа истрелани од правец на Либан кон северен Израел. Тел Авив предупреди за можна ескалација.
-
Свет 17.06.2024 09:31
Продолжуваат борбите на украинскиот фронт
Жестоки борби и натаму се водат на речиси целата линија на фронтот во Украина. Во изминатите 24 часа, руските сили извршиле серија напади во регионите на Киев, Харков, Херсон и Доњецк.
-
Свет 16.06.2024 15:58
Бајден и Трамп ќе се соочат на прва дебата пред претседателските избори
Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот противник, поранешниот претседател Доналд Трамп ќе се соочат на прва дебата пред претседателските избори, организирана од Си-ен-ен на 27-ми јуни.
-
Свет 16.06.2024 11:34
Драма во руски затвор, припадници на Исламската држава држат заложници
Заложничка драма во затвор во Русија. Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои зедоа затворски персонал како заложници, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да го напуштат објектот.
-
Свет 16.06.2024 11:21
Антивладини протести во Тел Авив, демонстрантите бараат нови избори
Илјадници Израелци синоќа одново излегоа на улиците на антивладини протести незадоволни од начинот на кој премиерот Нетанјаху се справува со војната против Хамас. Бараат нови избори и договор за ослободување на заложниците.
-
Свет 16.06.2024 11:02
Вооружена престрелка во парк во Детроит, најмалку девет ранети
Најмалку девет лица се ранети во вооружена престрелка во парк во Детроит. Во нападот, осумгодишно момче било застрелано во главата и се бори за живот. Ранет бил и помладиот брат на момчето, но е во стабилна состојба.










