• Свет 23.04.2024 20:40

    Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди Португалија

    Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

    Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

    Засега нема информации за жртви и материјална штета.

  • Свет 23.04.2024 15:20

    Германски државјани уапсени поради сомнение дека шпионирале за Кина

    Помошник на екстремно десничарски германски пратеник во Европскиот парламент е уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина. Претходно три лица, осомничени дека шпионирале за Кина и договарале пренос на информации за технологија со потенцијална воена употреба се уапсени во Германија.

  • Свет 23.04.2024 14:21

    Воздушна тревога во Украина, гранатирања во неколку региони

    Воздушна тревога низ речиси целата територија на Украина. Руски гранатирања во неколку региони. Погоден и Киев, над 500 воздушни напади регистрирани во Запорожје. Во Одеса меѓу повредените има и деца.

  • Свет 23.04.2024 13:58

    Израелски воздушни напади во близина на бегалски камп во Газа

    Жртви и повредени по израелски воздушни напади во близина на бегалски камп во центарот на Газа. Воените операции продолжени во Појасот. Расте бројот на тела ексхумирани од масовната гробница во Кан Јунис. Цивилната одбрана во Газа прстот го впери во Израел.

  • Свет 23.04.2024 09:58

    Пронајдена масовна гробница во Газа

    Продолжуваат операциите на израелската војска во јужниот дел на палестинската енклава, додека бројот на ексхумирани тела од масовната гробница во Кан Јунис достигна речиси 300. Цивилната одбрана во Газа го обвини Израел за злосторства.

  • Свет 23.04.2024 09:45

    Нова серија земјотреси во Тајван, најсилниот од 6,3 степени

    Нова серија земјотреси го потресоа Тајван. Најсилниот, со јачина од 6,3 степен по Рихтер го погоди округот Хуалиен на истокот од земјата. Засега нема информации за жртви, а пријавени се помали оштетувања на објекти.

  • Свет 23.04.2024 09:39

    Десет загинати при судар на два воени хеликоптери во Малезија

    Десет лица загинаа при судар на два малезиски воени хеликоптери за време на вежба, соопштија властите. Биле на обука во поморската база во Перак во пресрет на прославата на 90-годишнината од морнарицата, што треба да се одржи следниот месец.

  • Свет 23.04.2024 09:33

    Северна Кореја изведе прва воена вежба за нуклеарен контра напад

    Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби симулирајќи нуклеарен контра напад. Врховниот водач Ким Џонг Ун ја надгледуваше вежбата која освен што ја тестира различноста на нуклеарните капацитети, воедно е и протест против провокативните и инвазивни воени вежби на САД и јужна Кореја.

  • Свет 23.04.2024 09:20

    Огласени сирени низ Украина, русите напаѓаат од Крим и Доњецк

    Прогласена воздушна тревога низ речиси целата територија на Украина. Русија удри од Крим и Доњецк. Нападот доаѓа по уништувањето на тв-кулата во украински Харков, во која беа сместени комуникациските системи за противвоздушната одбрана на украинската армија.

  • Свет 23.04.2024 08:24

    Нова серија земјотреси во Тајван

    Нова серија земјотреси го потресоа Тајван. Најсилниот, со јачина од 6,3 степен по Рихтер го погоди округот Хуалиен на истокот од земјата. Засега нема информации за жртви, а пријавени се помали оштетувања на објекти.

Pages