• Свет 06.06.2024 09:02

    Торнада и силни бури во САД

    Торнада и силни бури беснеат низ САД. 2-годишно дете загина во Детроит во налетот на силното невреме што ја зафати американската сојузна држава Мичиген. Торнадо е регистрирано и во државата Мериленд.

  • Свет 06.06.2024 09:01

    Продолжува руско-украинскиот конфликт со несмален интензитет

    Украинско-руските напади продолжуваат на двете страни со несмален интензитет. Најжестоки борби во Херсон, Харков и Доњецк. Во текот на ноќта 12 региони низ Украина исклучени од струја поради недостиг на електрична енергија.

  • Свет 06.06.2024 08:56

    Израел продолжи со уништувањето на Хамас

    Локалните власти во Газа соопштија дека е над 20 цивили загинале откако било погодено училиште на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци во Нусејрат. Израел пак тврди дека училиштето било дом на база на Хамас, што организацијата негираше.

  • Свет 06.06.2024 08:53

    Четири жртви и 23 повредени во судир на два воза во Чешка

    Најмалку 4 луѓе загинаа, а 23 се повредени при судир на патнички со товарен воз во Чешка-соопштија властите. Несреќата се случила доцна синоќа на околу 100 километри од Прага.

  • Свет 06.06.2024 08:18

    Почнуваат изборите за членови на Европскиот парламент

    Почнуваат изборите за членови на Европскиот парламент. Околу 370 милиони граѓани на земјите-членки на ЕУ имаат право на глас за новиот состав на Европскиот парламент. Гласањето ќе трае до недела.

  • Свет 05.06.2024 21:05

    Словачкиот премиер се огласи по обидот за атентат

    Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска преку видеопорака најави дека би можел да се врати на работа на крајот на овој месец или во јули, по атентатот од 71-годишниот писател Јурај Цинтула на 15-ти мај, а нападот го припиша на „омраза“ на опозицијата.

  • Свет 05.06.2024 19:42

    Уапсени две лица осомничени за шпионажа во Косово

    Специјалното обвинителство на Косово на 5 јуни соопшти дека се уапсени две лица осомничени за шпионажа.

    Во соопштението се наведува дека по повеќемесечна истрага се уапсени двајца косовски државјани.

  • Свет 05.06.2024 18:17

    Нападнат политичар во Германија

    Кандидат за локален совет од партијата Алтернатива за Германија бил нападнат со нож доцна синоќа во градот Баден-Виртемберг, Германија.

    Политичарот е повреден, а напаѓачот е уапсен.

  • Свет 05.06.2024 17:29

    Наредба за ограничување на барателите на азил

    Американскиот претседател Бајден објави ограничувања за мигрантите. Привремено ќе се затвори границата со Мексико за барателите на азил. Зошто Белата куќа се реши на ваков чекор? Од Вашингтона се јавува Мартин Николовски од Гласот на Америка.

  • Свет 05.06.2024 15:47

    Зоврива на Блискиот Исток, растат натегањата околу мировниот предлог

    Зоврива состојбата на Блискиот Исток, од безбедносните закани не се поштедени ниту дипломатските претставништва. Либанската полиција во престрелка застрела и уапси напаѓач пред американската амбасада во Бејрут, станува збор за азилант од сириско потекло.

Pages