Голема полициска операција е во тек по извештаите за избодени повеќе луѓе во трговски центар во близина на плажата Бонди во Сиднеј. Најмалку четири лица загинале. Стотици луѓе биле евакуирани.
Медиуми објавија дека напаѓачот бил застрелан.
Голема полициска операција е во тек по извештаите за избодени повеќе луѓе во трговски центар во близина на плажата Бонди во Сиднеј. Најмалку четири лица загинале. Стотици луѓе биле евакуирани.
Медиуми објавија дека напаѓачот бил застрелан.
Премиерот на Израел Нетанјаху на средба со високи функционери за да се подготви за можен напад од Иран, јавуваат локалните медиуми. Тензијата расте поради можноста Техеран да се одмазди за воздушниот напад во кој загинаа високи ирански команданти пред речиси две недели.
Вашингтон не сака конфликтот да ескалира на Блискиот Исток, но предупреди дека очекува одмазднички ирански напад во Израел. На вработените во тамошната амбасада им забрани да патуваат во Ерусалим и Тел Авив. Франција ги повика граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток.
Јужна Кореја, Јапонија и САД одржуваат заеднички поморски вежби. Целта е да се обезбеди подготвеност против нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја, соопшти јужнокорејската морнарица.
Владејачката хунта во Мали им забрани на медиумите да известуваат за активностите на политичките партии и здруженија, еден ден откако ги забрани сите политички активности во земјата.
Украина побара од ОБСЕ да ја суспендира соработката со Русија поради руските обиди да ги уништи украинските термо и хидроцентрали.
Москва се правда дека целта на нападот врз енергетскиот систем е да се „демилитаризира“ Украина, тврди Путин.
Вашингтон не сака конфликтот да ескалира на Блискиот Исток, но предупреди дека очекува ирански напад во Израел. На вработените во тамошната амбасада им забрани да патуваат во Ерусалим и Тел Авив.
Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со ограничувања на водата поради незапаметена суша во последните 40 години.
Во страв од проширување на војната во Украина, новата членка на НАТО-Шведска издвојува 36 милиони долари за зајакнување на способноста на спасувачките служби да функционираат за време на конфликти.
САД предупредуваат-очекуваме ирански напад во Израел. Веруваат дека одговорот на Техеран не би бил од толкав размер што би го вовлекол и Вашингтон во војната. Од Белата куќа децидни-не сакаме конфликтот да се прошири на Блискиот исток.