Кениските власти пријавија десетици случаи на колера по неколкунеделни разорни поплави и дождови што ја зафатија земјата.
-
Свет 08.05.2024 16:53
-
Свет 08.05.2024 16:45
Нов напад врз политичар во Берлин
Берлинската сенаторка за економски прашања Франциска Гифи, од Социјалдемократската партија е повредена во напад во библиотека во германската престолнина. Непознат маж ненадејно со торба почнал да ја удира одзади по главата и потоа избегал.
-
Свет 08.05.2024 16:17
Вучиќ и Џинпинг потпишаа изјава за градење заедница со заедничка иднина
Претседателот Александар Вучиќ изјави по средбата дека потпишаната заедничка Изјава со кинескиот претседател Си Џинпинг е насока за развој на билатералните односи „од стратешки односи кон највисок облик на соработка – заедница која зборува за заедничката иднина на две земји.
-
Свет 08.05.2024 14:12
Русија изврши најмасовен напад врз електродистрибутивната мрежа на Украина
Извршен најголем руски бараж врз Украина со повеќе од 50 ракети и 20 дронови. Сериозно оштетени три термоелектрани. Во регионот на Киев повредени цивили и отштетна инфраструктура. Гранатиран и североисточниот регион Суми.
-
Свет 08.05.2024 11:38
„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината против Ковид-19
Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека истата може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија.
-
Свет 08.05.2024 09:39
Кина и Австралија со меѓусебни обвинувања за опасни воени дејствија во меѓународен воздушен простор
Кина и Австралија со меѓусебни обвинувања за опасни дејствија во меѓународниот воздушен простор над
-
Свет 08.05.2024 09:32
Одложен судскиот процес против Трамп за тајните документи
Федералниот суд во Флорида го одложи на неодредено почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со тајни документи. Ова е еден од четирите процеси што се водат против Трамп.
-
Свет 08.05.2024 08:46
Расте бројот на жртви во поплавите во Бразил
Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил. Досега се регистрирани 90 починати. Спасувачите ги продолжуваат напорите за евакуација на луѓето низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул.
-
Свет 08.05.2024 08:45
Кинескиот претседател пристигна во Белград
Кинескиот претседател Џинпинг синоќа пристигна во дводневна посета на Србија. Беше пречекан од претседателот Вучиќ, премиерот Вучевиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ.
-
Свет 08.05.2024 08:42
Израелските трупи продолжуваат со акциите во Рафах
Операцијата на границата Газа-Египет во источен Рафах не е целосна инвазија на градот, тврдат од Белата Куќа. САД внимателно ќе го следат израелското однесување, а засега велат, акцијата не е со размер и времетраење што би можело да се изедначи со голема копнена операција.










