• Свет 03.05.2024 11:10

    Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците

    Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците – загарантиран крај на војната, непопречување во враќањето на палестинските затвореници на Западниот Брег и испорака на материјали за реконструкција на Газа. Конечниот одговор се очекува во Каиро.

  • Свет 03.05.2024 09:49

    Израелската војска продолжува со нападите во Газа

    Во израелски напад е погодена зграда на сириските безбедносни сили на периферијата на Дамаск, осум војници се повредени. Војската на Израел ги продолжи и нападите во Појасот Газа. Во Каиро се очекува конечниот одговор на Хамас.

  • Свет 03.05.2024 09:06

    Избрана новата влада на Србија на чело со Милош Вучевиќ

    Со 152 гласа „за“ и 61 „против“, српските пратеници ја изгласаа новата влада-четири и пол месеци по одржувањето на изборите.

  • Свет 03.05.2024 09:06

    Расте бројот на загинати во поплавите на југот на Бразил

    Над 30 лица го загубија животот, а десетици се водат за исчезнати во поплавите во јужен Бразил. Спасувачките екипи со хеликоптери ги извлекуваат луѓето заглавени на покривите од домовите. Околу 15 илјади жители се евакуирани.

  • Свет 03.05.2024 09:06

    Русите напредуваат, Киев бара итна помош

    Продолжуваат жестоките борби на истокот на Украина. Ситуацијата на фронтот се влошува-вели Киев, иако одбранбените линии сè уште се цврсти. Москва тврди дека напредува во правците на Авдиеевка, Очеретин и Часов Јар. Зеленски бара брза испорака на помошта.

  • Свет 02.05.2024 20:08

    Изгласана е новата Влада на Србија

    Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ.

    За новата влада од 250 пратеници колку што има српското собрание, за владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.

  • Свет 02.05.2024 13:53

    Израел не запира со нападите врз Газа

    Израелски напади во Појасот Газа во близина на Кан Јунис. Борбите продолжени во исчекување на одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот. Во Тел Авив состанок на воениот кабинет.

  • Свет 02.05.2024 11:34

    Фон дер Лајен во посета на Либан

    Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и кипарскиот претседател Никос Христодулидес во Бејрут на серија состаноци со либанските власти за пакетот економска помош наменета за ограничување на миграцијата.

  • Свет 02.05.2024 09:50

    Продолжуваат борбите во Појасот Газа

    Во исчекување на одговорот од Хамас на предлогот за прекин на огнот, Израел ги продолжи борбите во Појасот Газа. Вашингтон бара од Тел Авив да се откаже од офанзивата на Рафах, а Хамас без одложување да го прифати договорот за примирје.

  • Свет 02.05.2024 08:44

    Бројот на жртви по уривањето на автопат во Кина се искачи на 36

    Бројот на жртви по уривањето на автопатот во јужна Кина во провинцијата Гуангдонг се искачи на 36. Властите соопштија дека досега се извлечени 23 возила од под урнатините.

    Екипите продолжија со расчистување на теренот.

Pages