Русија синоќа лансирала 50 ракети и 20 беспилотни летала врз украинската инфраструктура. Воздушниот напад предизвикал сериозни оштетувања на опремата во три термоелектрани. Според украински извори, гранатиран е и североисточниот регион Суми.
-
Свет 08.05.2024 08:32
-
Свет 07.05.2024 20:35
Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовски институции, изјави министерот за одбрана на северниот сосед, Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
-
Свет 07.05.2024 14:58
Торнадо предизвика голема штета во Оклахома
Силна бура во централниот дел на САД донесе торнада во рурална Оклахома и во делови од Канзас.
Торнадо предизвика голема штета северно од Тулса во малиот град Барнсдал. Според властите нема потврдени смртни случаи.
Уништени се многу куќи, а соборени се дрвја и далноводи.
-
Свет 07.05.2024 14:33
Мелони во Либија за договори за образование и миграција
Италијанската премиерка Мелони во Триполи се сретна со премиерот на либиската влада за национална стабилност.
Италијанските и либиските министри потпишаа неколку декларации за соработка и истражување во рамки на планот „Матеи“ за развој на Африка спонзориран од италијанската влада.
-
Свет 07.05.2024 14:09
Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат
Со положување заклетва во големата палата во Кремљ, Владимир Путин и официјално го почна својот петти 6-годишен претседателски мандат. Им се заблагодари на учесниците во специјалната воена операција во Украина и на жителите кои го бранеле правото да бидат со татковината.
-
Свет 07.05.2024 11:29
Скандал со прислушкување во Полска, покрената е истрага
Скандал со прислушкување во Полска. Безбедносните служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се состане Министерскиот совет. Покрената е истрага.
-
Свет 07.05.2024 11:15
Израел презеде контрола врз преминот Рафа
Израел ја почнаа долгонајавуваната офанзива и презеде контрола врз преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет. Операцијата доаѓа во пресрет на новата рунда преговори за прекин на огнот во Каиро.
-
Свет 07.05.2024 09:49
Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот, Израел испраќа делегација во Каиро
Израелски тенкови влегоа во Рафах. Медиумите објавија дека одбранбените сили на Тел Авив презеле контрола врз градот. Објавата следи откако Хамас го прифати египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.
-
Свет 07.05.2024 09:18
Претседателот на Кина Си Џинпинг е во посета на Србија
Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг во дводневна посета на Србија, на покана на претседателот Вучиќ. Вчера во Франција, Париз и Пекинг почнаа нова фаза во односите за следните 60 години.
-
Свет 07.05.2024 09:10
Денес е инаугурацијата на Владимир Путин
Рускиот претседател Путин денеска ќе положи заклетва за нов шестгодишен мандат. На инаугурацијата во Москва нема да присуствуваат амбасадорите на Европската Унија и на САД.










