• Свет 29.03.2026 10:18

    Втор ракетен напад на јеменските Хути врз Израел

    Јеменските Хути поддржани од Иран, со втор ракетен напад врз Израел. Дрон бил забележан над градот Еилат, а крстосувачка ракета пресретната пред да стигне до израелска територија.

  • Свет 28.03.2026 19:52

    Трамп: Куба е следна

    „Куба е следна“, изјави американскиот претседател посочувајќи ги како пример неодамнешните воени акции на САД во Венецуела и Иран. За време на форумот во Флорида, Трамп не прецизираше какви дејствија планира, но нагласи дека владата во Хавана е пред колапс поради тешката економска криза.

  • Свет 28.03.2026 16:54

    Невреме во Хрватска, властите со апел граѓаните да останат дома

    Моќна бура ја погоди Хрватска. Повредени се неколку лица, а во Загреб се оштетени и згради. Властите со апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

  • Свет 28.03.2026 13:21

    Протести во Каракас

    Активисти и роднини на затвореници во Венецуела бараат континуирано ослободување на политичките притвореници.

    По американската воена операција во јануари што резултираше со апсење на Николас Мадуро, властите почнаа да ослободуваат притвореници.

  • Свет 28.03.2026 13:02

    Петта недела војна на Блискиот Исток

    Војната на Блискиот Исток влезе во петтата недела. Јеменските Хути, поддржани од Иран, испукаа ракета кон Израел за прв пат од почетокот на конфликтот и се заканија со војна против секој нов сојузник на САД и Израел.

  • Свет 28.03.2026 11:16

    Масовен руски напад врз Одеса

    Во руски напад врз цивилната инфраструктура во Одеса во текот на ноќта, најмалку едно лице е убиено, а 11 се повредени, вклучувајќи и едно дете, објави началникот на воената администрација на Одеса, Сергиј Лисак.

  • Свет 28.03.2026 09:44

    Иран нападна американска база во Саудиска Арабија, 12 ранети војници

    Војната на Блискиот Исток влезе во петтата недела. Иран удри врз американска база во Саудиска Арабија. Имало 12-сетина ранети војници. Нападот бил комбиниран со ракети и дронови.

  • Свет 27.03.2026 11:30

    Трамп ги одложи нападите врз енергетски постројки во Иран

    Трамп дополнително ги пролонгира нападите врз иранските енергетски објекти до 6-ти април, како што напиша на социјалните мрежи по барање на иранската влада. Претходно, на состанокот на кабинетот, Трамп рече дека САД ќе бидат најлошата ноќна мора за Иран, ако не се согласат на мировен план.

  • Свет 27.03.2026 11:09

    Силен ветер, откорнати дрвја и покриви – невремето во Загреб ја прекина и наставата во училиштата

    Снегот во Хрватска го блокира сообраќајот на камиони на главните автопати меѓу Загреб и Риека. Околу 20 сантиметри изненадувачки пролетен снег само за неколку часа паднаа вчера изутрината, предизвикувајќи хаос на многу прометните патишта во Хрватска.

  • Свет 27.03.2026 10:39

    Мадуро се појави пред судот во Њујорк

    Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес повторно се појавија во судот во Њујорк, откако беа уапсени во американска операција во Каракас на почетокот на годинава.

Pages