Додека траат преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и расте меѓународниот притисок врз Нетанјаху во пресрет на копнената офанзива во Рафах, американскиот претседател, Бајден, со порака до Тел Авив - цивилите мора да бидат заштитени.
-
Свет 13.02.2024 10:03
-
Свет 13.02.2024 09:52
Во руски напад погодена термоцентрала во Дњепар
По најновата серија воздушни руски напади оштетена е термоцентрала во Дњепар, соопштија украинските власти. Дел од жителите се без вода поради прекин на струјата. Нападот е извршен со проектили и четири групи дронови од повеќе правци.
-
Свет 13.02.2024 08:58
Меѓународниот Кривичен суд ги истражува сите наводни злосторства во Газа
Меѓународниот Кривичен суд ги истражува сите наводни злосторства во Газа. Обвинителот Карим Кан рече дека судот активно ги истражува сите наводно извршени злосторства и дека оние кои го прекршуваат законот ќе одговараат.
-
Свет 13.02.2024 08:47
Трамп побара од Врховниот суд да ја суспендира одлуката за одземање на неговиот претседателски имунитет
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да ја суспендира одлуката на понискиот суд за одземање на неговиот претседателски имунитет од гонење. Следниот чекор на Врховниот суд е да го одобри или да го отфрли барањето на Трамп за одложување.
-
Свет 12.02.2024 19:00
Мирен протест на Србите поради одлуката за динарот
Мирен протест на косовските Срби во Северна Митровица за да се сврти вниманието на целиот свет и на меѓународната заедница на нивната лишена положба, по одлуката на Приштина да се укине динарот и еврото да биде единствена легална валута.
-
Свет 12.02.2024 16:15
Во Украина нов бран руски напади со дронови и ракети
Украина под нов бран руски напади со дронови и ракети. Киев тврди дека собориле 14 руски беспилотни летала и една ракета. Обвинија дека руските сили ги користат услугите „старлинк“ на компанијата на Илон Маск. Кремељ негира.
-
Свет 12.02.2024 13:58
Холандскиот суд нареди да се прекине извозот на делови за авиони Ф-35 во Израел
Очите на светската јавност вперени кон Израел. Вашингтон не ја поддржува копнената офанзива во Рафа и предупредува за можна катастрофа. Брисел бара прекин на огнот и справување со последиците на хуманитарната криза. Тел Авив е решителен, претстојната офанзива е клучна за уништување на Хамас.
-
Свет 12.02.2024 13:50
Четворица кандидати на руските претседателски избори
Централната изборна комисија на Руската Федерација потврди, на гласачкото ливче ќе има четворица кандидати. На списокот се актуелниот претседател Владимир Путин, како и уште тројца политичари, од кои сите ја поддржуваат „специјална воена операција“ во Украина.
-
Свет 12.02.2024 13:44
Инцидент во бродска компанија во Глифада, загинати најмалку четири лица
Најмалку четири лица загинаа во оружен инцидент во грчка бродска компанија во јужното атинско предградие Глифада.
Напаѓачот, поранешен вработен во компанијата, влегол во зградата и отворил оган кон вработените. Во нападот загинаа три лица, по што напаѓачот се самоубил.
-
Свет 12.02.2024 12:28
Тел Авив решителен, офанзивата во Рафа е клучна за уништување на Хамас
Очите на светската јавност вперени кон Израел. Вашингтон не поддржува копнена офанзива во Рафа на границата со Египет и предупредува за можна катастрофа. Брисел бара прекин на огнот и намалување на последиците од хуманитарната криза.










