• Свет 28.01.2024 10:21

    Претседателски избори во Финска

    Околу 4,5 милиони Финци гласаат за еден од деветтемина кандидати за претседател на земјата. Во трка се шест мажи и три жени, а според анкетите, главни фаворити се поранешниот премиер Александар Стуб и поранешниот министер за надворешни работи Пека Хависто.

  • Свет 28.01.2024 09:49

    Тексас со закани до Бајден

    Растат стравувањата од конфликт меѓу федералните и државните единици по одлуката на американскиот Врховен суд за отстранување на жичената ограда меѓу Тексас и Мексико.

    Гувернерот на Тексас, Грег Абот му се закани на Бајден дека ако донесе војници на границата ќе се соочи со сила.

  • Свет 27.01.2024 18:23

    Илјадници домови во Австралија без струја поради тропска бура

    Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд останаа без струја, два дена откако тропскиот циклон Кирили донесе разорни ветрови и силен дожд.

  • Свет 27.01.2024 14:48

    Франција: Протестите на земјоделците продолжуваат

    Купишта земјоделски отпад оставен пред портите на владината зграда во Аген, додека француските земјоделци продолжија со протестите блокирајќи го јужниот автопат во земјата.

    Велат оти серијата мерки што ги најави владата не ги исполнуваат целосно нивните барања.

  • Свет 27.01.2024 13:37

    Реакции по одлуката на судот во Хаг

    Жителите во Газа разочарани по одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. За аналитичарите-недоволно строга, но силна порака за заштита на народот во Газа и можност Израел да ја поправи својата репутација.

  • Свет 27.01.2024 10:03

    Трамп повторно изгуби од новинарката Керол

    Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп мора да плати 83,3 милиони долари на новинарката Елизабет Керол за јавните изјави што ги дал во 2019 година со кои ја омаловажувал и ги негирал нејзините наводи за силување- утврдил судот во Менхетен.

  • Свет 27.01.2024 09:38

    Објавена снимка од „Иљушин 75“ пред падот

    Руските истражители објавија видео на интернет од луѓе за кои тврдат дека се украински заробеници како се качуваат на авионот „Иљушин 76“ кој подоцна се урна со 65 украински заробеници во близина на Белгород. Москва и натаму го обинува Киев за вмешаност.

  • Свет 27.01.2024 09:02

    Земјотрес од шест степени го погоди јужниот дел на Гватемала

    Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Гватемала во Пацификот доцна синоќа. Земјотресот го потресе Гватемалскиот регион Ескуинтла, а беше почувствуван и во Ел Салвадор.

    Засега нема информации за жртви или материјална штета.

  • Свет 26.01.2024 15:09

    Меѓународниот суд му нареди на Израел да преземе итни мерки за да спречи геноцид во Газа

    Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да преземе итни мерки за да спречи геноцид, цивилни жртви и штети во воената офанзива во Појасот Газа. Тел Авив мора да преземе чекори за подобрување на хуманитарната ситуација во енклавата.

  • Свет 26.01.2024 11:36

    Најмалку 20 Палестинци загинаа, а 150 се повредени во израелски напад додека чекале ред за храна

    Меѓународниот суд на правдата во Хаг носи одлука во процесот за геноцид против Израел, покренат од Јужноафриканската република.

Pages