Жителите на Русија го дадоа својот глас на третиот и последен ден од претседателските избори. На гласачкото ливче се најдоа четворица кандидати. Владимир Путин се кандидираше за петти мандат и владеење уште шест години.
-
Свет 17.03.2024 13:40
-
Свет 17.03.2024 13:26
Вучиќ: Промени во доктрината и пристапот во дијалогот со Приштина
Српскиот претседател Вучиќ најави дека ќе има промени во доктрината и пристапите за продолжување на дијалогот со Приштина.
-
Свет 17.03.2024 12:01
Нов обид за постигнување договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
Во Доха нов обид за постигнување договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Катар и Египет ќе посредуваат во разговорите за надминување на отворените прашања меѓу завојуваните страни, меѓу кои е и размената на палестински затвореници со израелски заложници.
-
Свет 17.03.2024 11:47
Последен ден од гласањето на претседателските избори во Русија
Русите гласаат три дена, во 11 временски зони за претседател. На гласачкото ливче четворица кандидати, Николај Харитонов од Комунистичката партија, Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија, Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и Владимир Путин самостоен кандидат за петти мандат.
-
Свет 17.03.2024 10:30
Трамп предвидува крај на демократијата во САД доколку на изборите победи Бајден
Се вжештува претседателската трка во САД. Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, изјави дека доколку не победи на изборите во ноември, тоа ќе значи крај на демократијата во САД.
-
Свет 17.03.2024 10:29
Нови напади со дронови меѓу Киев и Москва
Продолжува борбата со дронови меѓу Киев и Москва. Одбранбените сили на Украина велат дека вчера одбиле 34 напади и спречиле обид за влез на руски диверзанти од регионот Суми.
-
Свет 17.03.2024 10:28
Еруптираше вулкан на исландскиот полуостров Рејкјанес, прогласена вонредна состојба
Еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд. Според извештаите, станува збор за најсилната ерупција од декември.
Лавата стигнала до источните одбранбени ѕидови околу евакуираниот град Гриндавик. Локалните жители мораа да се евакуираат, прогласена е вонредна состојба.
-
Свет 17.03.2024 10:10
Продолжуваат разговорите за прекин на огнот во Газа
Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад Давид Барнеа се очекува денеска во Доха да ги води разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавуваат западни медиуми.
-
Свет 17.03.2024 09:44
Макрон подготвен да разговара со Путин за деескалација на кризата
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за деескалација на украинската криза.
-
Свет 16.03.2024 21:19
Илјадници луѓе вечерва на протест во Тел Авив бараат оставка од Нетанјаху
Во Тел Авив вечерва антивладини протести против начинот на кој владата на Нетанјаху се справува со тековната војна во Газа.
Тие бараат ослободување на членовите на нивните заробени семејства од Појасот Газа.










