Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Околу 700 луѓе останаа отсечени на северот на Австралија, поради силно невреме кое ги прекина врските со остатокот од земјата.
Најмалку 12 лица загинаа кога вооружените групи во Хаити нападнаа две богати населби во главниот град Порт-о-Пренс. Бандите насилно влегувале во куќите додека населението избезумено барало помош од полицијата. Овие населби беа главно недопрени од дивеењето на бандите што почна на 29 февруари.
Развојот на ситуацијата во Појасот Газа и копнената офанзива во Рафах-тема на телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Бајден и израелскиот премиер Нетанјаху. Договорено разговорите да се продолжат во Белата куќа во Вашингтон.
Во Брисел состанок во рамките на дијалог Приштина-Белград. Се очекува да се разговара и за одлуката на централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот.
Денес продолжува конститутивната седница на српското Собрание, на која Ана Брнабиќ на предлог на мнозинството пратеници од победничката СНС, но и СПС и другите малцински партии треба да се избере за претседател на Собранието. На седницата ќе се бираат и шест потпретседатели и други тела.
Додека траат обидите на меѓународната заедница за постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Тел Авив не отстапува од намерата да се пресмета со милитантите на Хамас.
Владимир Путин очекувано победи на изборите во Русија продолжувајќи го своето речиси четвртвековно владеење за уште шест години. Специјалната операција во Украина останува негов приоритет.
Вулканската лава од ерупцијата на Исланд која се закани да го проголта евакуираниот град Гриндавик е стабилизирана и слабее-велат експертите, предвидувајќи дека ерупцијата наскоро ќе згасне.
Нови провокации од Северна Кореја. Истрелани балистички ракети по речиси 2 месеци пауза и тоа во време на посетата на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Јужна Кореја.