Пакистанското воздухопловство почна одмазднички напади во јужен Иран, насочени кон позиции на милитантите. Според иранската национална телевизија, во нападите загинаа најмалку седум лица.
-
Свет 18.01.2024 09:39
-
Свет 17.01.2024 17:41
Снежната бура во САД ги затвори училиштата и Владата
Снежно невреме зафати голем дел од територијата на САД. Температурите поради силниот и студен ветер се спуштија под минус 34 степени. Известува Мартин Николовски од Гласот на Америка во Вашингтон.
-
Свет 17.01.2024 14:00
Пакистан се закани со одмазда по нападот од Иран
Откако Иран ракетираше цели во Сирија и во Ирак, со проектили нападна и упоришта на сунитската група Џаиш ал-Адл во соседен Пакистан. Загинаа две деца. Властите во Исламабад се заканија со одмазда.
-
Свет 17.01.2024 12:07
Португалија ја губи младата генерација, годишно 65.000 млади ја напуштаат земјата
Португалија забрзано ја губи младата генерација, земјата е со највисок степен на емиграција во Европа. Околу 30 насто Португалци живеат во побогатите земји во светот, над 850 илјади млади на возраст до 39 години заминале од државата.
-
Свет 17.01.2024 11:39
Обилни врнежи од дожд и снег низ Европа
Изобилните врнежи од дожд и снег низ Германија откажаа стотици летови и го прекина железничкиот и патничкиот сообраќај. Многу училишта и градинки во земјата се затворени.
Слична е состојбата и во Велика Британија. Жолти предупредувања за мраз и снег се во сила во сите четири земји.
-
Свет 17.01.2024 11:30
Непријателствата на Блискиот Исток предупредуваат за опасност од поширок регионален конфликт
Катар и Франција постигнаа договор со Израел и Хамас за итна испорака на лекови за 45 израелски заложници во замена за хуманитарна и медицинска помош за палестински цивили.
-
Свет 17.01.2024 09:48
Иран со ракети и беспилотни летала го нападна Пакистан
Со ракети и беспилотни летала, Иран уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл во пакистанската југозападна провинција Белуџистан. Загинале две деца. Пакистан вети одмазда. Нападот доаѓа откако Иран лансираше ракети во северен Ирак и Сирија.
-
Свет 17.01.2024 09:46
Кина бележи пад на населението
Се намалува населението во Кина. Намалувањето на бројот на жители е забрзан во 2023 година, соопшти Заводот за статистика во Пекинг. На крајот на декември во земјата живееле околу 1,41 милијарди луѓе, два милиони помалку од претходната година.
-
Свет 17.01.2024 09:03
Русија со нови напади врз Украина
Русија извршила нови напади со дронови врз украинскиот град Одеса, соопштија локалните власти. Најмалку три лица се повредени, а причинета и е материјална штета.
-
Свет 16.01.2024 21:10
Иран нападна бази на милитанти во Пакистан
Иран вечерва соопшти дека ги нападнал базите на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан. Државната новинска агенција ИРНА објави дека во нападот биле користени ракети и беспилотни летала.










