• Свет 14.03.2024 11:30

    Пјонгјанг со воена вежба демонстрира сила

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предводеше воена вежба придружувајќи им се на своите војници во обука за ракување со ново развиените борбени тенкови.

  • Свет 14.03.2024 09:56

    Почина бугарскиот патријарх Неофит

    Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување, а веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет синод.

  • Свет 14.03.2024 09:09

    Дел од персоналот на ООН го напушта Хаити

    Жителите на Хаити се обидуваат да ја обноват секојдневната рутина, додека го чекаат новото раководство на земјата откако премиерот Анри се согласи на оставка.

    Ситуацијата и останува тензична и нестабилна. Дел од персоналот на ООН реши да го напушти Хаити поради безбедносни причини.

  • Свет 14.03.2024 09:01

    Убиен командант на Хамас во Рафах

    Убиен командант на Хамас во израелски напад врз магацин за храна на Унрва во Рафах. Во нападот се убиени уште четворица и повредени 22-ца. САД велат – помагањето и заштитата на цивилите мора да биде приоритет на Израел.

  • Свет 14.03.2024 08:54

    Поддршка за Киев додека војната се разгорува

    САД нема да ја менува својата нуклеарна доктрина по изјавите на Путин. Уверуваат дека нема индикации Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина. Брисел одлучи да испрати уште пет милијарди евра во Киев, додека Прага вети испорака на артилериски гранати до јуни.

  • Свет 14.03.2024 08:50

    Земјотрес од 5,4 степени по Рихтер во Црна Гора

    Силен земјотрес од 5,4 степени по Рихтер изутринава ја тресеше Црна Гора. Епицентарот бил на околу 70 километри од Подгорица и на длабочина од 15 километри. Граѓаните сведочат дека тресењето било долго и силно. Потресот е почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Македонија.

  • Свет 13.03.2024 18:34

    Русија со апокалиптични пораки поради војната во Украина

    Подготвени сме за нуклеарна војна, најостро и најапокалиптично предупредување на рускиот претседател досега. Во контекст на изборите за шеф на Кремљ во март или поради американските за Белата куќа во ноември, Путин потсети дека рускиот нуклеарен арсенал е поголем од американскиот.

  • Свет 13.03.2024 17:33

    Бајден и Трамп во претседателска трка

    Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ги обезбедија потребните делегати за претседателска номинација од нивните партии на изборите во ноември.

    Од Гласот на Америка на македонски, известува Мартин Николовски

     

  • Свет 13.03.2024 12:47

    Путин: Подготвени сме за нуклеарна војна

    Подготвени сме за нуклеарна војна, најостро и најапокалиптично предупредување на рускиот претседател досега. Во контекст на изборите за шеф на Кремљ во март или пак поради американските на Белата куќа во ноември, Путин потсети дека рускиот нуклеарен арсенал е поголем од американскиот.

  • Свет 13.03.2024 12:37

    Штрајкот на „Луфтханза“ продолжен во Минхен

    Кабинскиот персонал во авиокомпанијата Луфтханза продолжи со штрајкот. По вчерашните откажувања на летовите во Франкфурт, за денеска се анулирани сите полетувања од аеродромот во Минхен.

Pages