Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ги обезбедија потребните делегати за претседателска номинација од нивните партии на изборите во ноември.
Од Гласот на Америка на македонски, известува Мартин Николовски
Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ги обезбедија потребните делегати за претседателска номинација од нивните партии на изборите во ноември.
Од Гласот на Америка на македонски, известува Мартин Николовски
Подготвени сме за нуклеарна војна, најостро и најапокалиптично предупредување на рускиот претседател досега. Во контекст на изборите за шеф на Кремљ во март или пак поради американските на Белата куќа во ноември, Путин потсети дека рускиот нуклеарен арсенал е поголем од американскиот.
Кабинскиот персонал во авиокомпанијата Луфтханза продолжи со штрајкот. По вчерашните откажувања на летовите во Франкфурт, за денеска се анулирани сите полетувања од аеродромот во Минхен.
Терористички напад во близина на Ерусалим. Палестинец избол и ранил две лица на контролен пункт во близина на градот пред да биде застрелан-соопшти израелската полиција.
Едно лице загина најмалку 22-ца се повредени при експлозија во зграда во околината на Пекинг.
Леонид Волков, долгогодишниот сојузник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални е нападнат пред неговиот дом во Литванија со чекан и солзавец додека бил во својот автомобил во Вилнус-изјави портпаролот на Навални, Кира Јармиш.
Пентагон ќе испорача оружје од околу 300 милиони долари за Украина, откако ќе најде заштеда на трошоците во своите договори.
Унгарија го повика американскиот амбасадор во знак на протест поради коментарите во кампањата на претседателот Бајден, дека премиерот Виктор Орбан бара диктатура-изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Бајден и Трамп ги обезбедија своите партиски номинации за претседателските избори.
Премиерот на Хаити, Анри, поднесува оставка по неколкунеделниот притисок и насилство во земјата. Одлуката доаѓа по средбата на регионалните лидери во Јамајка кои разговараа за политичката транзиција во карипската земја.