Српската влада усвои одлука со која возилата со косовски регистрации може слободно да се движат на територијата на Србија од 1-ви јануари. На граничните премини ќе биде објавено оградување со кое одлуката не треба да се толкува како признавање на независноста на Косово.
-
Свет 27.12.2023 14:58
-
Свет 27.12.2023 14:36
Загинати и повредени во силната бура во Австралија
Загинати и повредени во силната бура што ги зафати австралиските источни држави Квинсленд и Викторија. Повеќе од 80.000 домаќинства се без електрична енергија, а над 120 илјади се погодени од постојани прекини во електроснабдувањето.
-
Свет 27.12.2023 12:30
Разгорување на огнот на Блискиот Исток
Американските воздушни сили погодија цели на Катаиб Хезболах во Ирак, како одговор на претходен напад. Во Црвено Море собориле над десет беспилотни летала и пет проектили истрелани од хутите, сојузници на Техеран. За продолжените напади, информира и Израел.
-
Свет 27.12.2023 11:24
Руско гранатирање на железничка станица во Херсон
Најмалку едно лице загина, а четворица се ранети во руското гранатирање на железничка станица во Херсон, јужна Украина, каде што цивилите се подготвувале да го напуштат градот, соопштуваа украинските власти.
-
Свет 27.12.2023 11:17
Актерот од оскаровецот „Паразит“ пронајден мртов во својот автомобил
Јужнокорејскиот актер Ли Сун-Кјун познат по улогата во филмот „Паразит“ награден со оскар, е пронајден мртов во својот автомобил во Сеул.
-
Свет 27.12.2023 09:49
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Хамас
Зачестените напади врз американските трупи и комерцијалните бродови во Црвено море, го зголемија стравот од прелевање на конфликтот на Блискиот исток. Американските воздушни сили погодија цели на Катаиб Хезболах во Ирак, како одговор на претходен напад.
-
Свет 27.12.2023 09:41
Најмалку девет загинати по силното невреме што ја зафати Австралија
Најмалку 9 лица загинаа во силното невреме кое ги зафати источните сојузни држави на Австралија. Невремето кое почна на божиќните празници зад себе остави откорнати дрвја и урнати далноводи, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија.
-
Свет 27.12.2023 09:32
Силен земјотрес ја погоди Турција
Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Турција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 62 километри од Адијаман на длабочина од пет километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
-
Свет 26.12.2023 20:31
Катедралата во Келн останува затворена поради терористичка закана
Поради зголемениот ризик од терористички напади, катедралата во Келн останува затворена за посетители, со исклучок на верниците кои влегуваат на миса.
-
Свет 26.12.2023 19:47
Зеленски најави раст на одбранбеното производство
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави значителен раст на домашното одбранбено производство во 2024-та година, а посебно внимание ќе се посвети на производството на сите видови беспилотни летала, како и муниција за нив.










