Божиќ во сенката на двете војни во Украина и во Израел. Меѓу двата напада на руските оружени сили, украинскиот претседател Зеленски за првпат им го честиташе раѓањето на Исус според новиот календар.
-
Свет 25.12.2023 12:53
-
Свет 25.12.2023 11:57
Карван мигранти тргна од Мексико кон границата со САД
Карван мигранти од централна и јужна Америка тргна од Мексико кон границата со САД. До 8.000 луѓе од сите возрасти, главно од Венецуела, Куба и Мексико, се дел од поворката со транспарент на кој пишува „Егзодус на сиромаштијата“.
-
Свет 25.12.2023 11:57
Голема полициска акција на новогодишната ноќ во Берлин
Полицијата во Берлин најави голема полициска акција на новогодишната ноќ. На улиците ќе бидат распоредени до 2.500 полицајци. Според властите, засилените безбедносни мерки се резултат на тензиите во заедницата предизвикани од војната во Газа и искуството од претходната новогодишна ноќ.
-
Свет 25.12.2023 11:48
Египет со нов предлог за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
Објавен новиот план на Египет за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во три фази. Во првата и втората фаза, кои би траеле од 7 до 10 дена, се предвидува ослободување израелски заложници и војници во замена за палестински затвореници.
-
Свет 25.12.2023 10:06
Обид на опозицијата да влезе во Градското собрание во Белград, полицијата употреби солзавец
Повеќе од 30 демонстранти се уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на протест на опозицијата која бара поништување на изборите во Србија. Конфликтот меѓу полицијата и дел од демонстрантите почна пред Собранието во Белград.
-
Свет 24.12.2023 20:13
Обид за насилно влегување во белградското Собрание
Растат тензиите по изборите во Србија, особено оние во Белград. Опозицискиот блок „Србија против насилството“ на протестот во центарот на Белград порача дека нема да се откаже од поништувањето на изборите, додека владата ги отфрла сите тврдења за нерегуларности.
-
Свет 24.12.2023 13:44
Откажани божикните прослави во Витлеем поради војната во Газа
Најсветото место за христијаните за Божик, празно и пусто. Тишината ја пробиваат само црковните камбани, бидејќи реката верници низ улиците годинава изостанува.
-
Свет 24.12.2023 13:30
САД бараат заштита на цивили, не прекин на огнот
И покрај зголемените меѓународни повици за крај на крвопролевањето, Израел вети дека ќе ја продолжи борбата додека Хамас не биде отстранет од Газа и додека не се ослободат сите заложници. Шефот на Белата Куќа бара Израел да ги заштити цивилите во Појасот Газа, но не и прекин на огнот.
-
Свет 24.12.2023 11:37
Осум кинески борбени авиони и еден балон ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец
Министерството за одбрана на Тајван објави дека откриле осум кинески борбени авиони и еден балон кои ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец во изминатите 24 часа.
-
Свет 24.12.2023 10:49
Курти: Радоичиќ подготвува нови напади
Mилан Радоичиќ подготвува нови напади на Косово, тврди косовскиот премиер Албин Курти. Заедно со министерот за внатрешни работи коментираа дека целта е да се дестабилизира државата.









