Сирените за воздушен напад се огласија во три кибуци во северен Израел.
Властите во Тел Авив велат дека уапсиле 200 членови на Хамас и Исламски џихад во изминатата недела.
Сирените за воздушен напад се огласија во три кибуци во северен Израел.
Властите во Тел Авив велат дека уапсиле 200 членови на Хамас и Исламски џихад во изминатата недела.
Продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва. Украинската армија одбила повеќе од 57 напади на руски војници, додека Русија пресретнале шест проектили и соборила 36 украински беспилотни летала.
Познат сплав во Нов Белград потона синоќа нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои следеле музички настап.
Гостите се обиделе да се спасат скокајќи во Сава и пливајќи кон брегот. Властите евакуирале триесетина млади лица, меѓу кои десетина малолетници.
Врховниот суд на САД го одби барањето за брза одлука за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп. На овој начин се одложува почетокот на судењето, потенцијално до изборите идната година.
Комисијата за конкурентност на Грција изрече казни од 41,7 милиони евра на пет банки и Асоцијацијата на банки поради усогласени практики и размена на информации.
Се продлабочува кризата по изборните резултати во градот Белград. Бранимир Несторовиќ од листата „Ние, гласот на народот“ изјави дека решиле оти нема да коалицираат со никого и не поддржуваат никого.
Повеќе од 700 вработени во „Ербас Атлантик“ затруени на божикната забава, соопштија француските здравствени власти.
Вработените во погонот на компанијата за производство на авиони во западна Франција се пожалиле на стомачни проблеми и дијареја по вечерата.
Советот за безбедност на Обединетите нации го усвои текстот на резолуцијата за Појасот Газа, со која се бара итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава. Генералниот секретар на ООН, Гутереш изјави дека пречка за испораката е израелската офанзива.
Знамиња на половина копје, црковните камбани го пробиваат тешкиот воздух во Прага. Ден на национална жалост во Чешката Република. Шокот и неверувањето, се претворија во длабока болка и тага поради жртвите по незапамтеното злосторство кое се случи во срцето на историскиот град.
Командантот на украинските воздухопловни сили објави дека Украина соборила три руски суперсонични бомбардери СУ-34 на јужниот фронт.