Обилните врнежи снег што падна викендов во делови од Србија им создаде проблеми на жителите во Јужна Србија. Работа имаше и за спасувачите кои од завеан автобус на патот Врање – Крива Феј, кај Соколовац евакуираа граѓани.
-
Свет 28.11.2023 13:47
-
Свет 28.11.2023 11:52
Северна Кореја тврди дека нејзиниот шпионски сателит направил детални снимки од Белата куќа и Пентагон
Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран сателит испратил детални снимки на Белата куќа, Пентагон и американските нуклеарни носачи на авиони, што ги видел лидерот Ким Јонг Ун.
-
Свет 28.11.2023 10:56
Европа зафатена од силна снежна бура
Украина зафатена од снежна бура. Десет лица загинаа меѓу кои и две деца. Силни ветрови и снежни наноси блокираа цели области. Стотици домаќинства се без струја, патиштата блокирани, луѓето заглавени. Најпогодени регионите на Одеса, Харков, Миколаев и Киев.
-
Свет 28.11.2023 09:45
Примирјето меѓу Израел и Хамас продолжено за уште два дена
Дополнителни два дена примирје во Појасот Газа – соопшти катарското МНР. Најмалку уште 20 израелски заложници ќе бидат ослободени, во замена за 60 палестински затвореници. Договорот потврден и од САД.
-
Свет 28.11.2023 09:38
Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк
Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк предизвика хаос во сообраќајот.
Метеоролозите предупредуваат оти снежната покривка ќе достигне до половина метар, а се очекуваат и силен ветер и голомразица.
-
Свет 28.11.2023 08:40
Северна Кореја тврди дека нејзиниот шпионски лансиран сателит испратил детални снимки од Белата куќа
Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран сателит испратил детални снимки од Белата куќа, Пентагон и американските нуклеарни носачи на авиони. Постоењето на фотографиите н
-
Свет 27.11.2023 18:39
Примирјето во Појасот Газа продолжено за уште два дена
Катар соопшти дека е постигнат договор за продолжување на примирјето во Појасот Газа за дополнителни два дена. Ова значи дека најмалку уште 20 израелски заложници ќе бидат ослободени, во замена за 60 палестински затвореници.
-
Свет 27.11.2023 17:17
Снежната бура зеде жртви и создаде проблеми на Балканот
Балканот погоден од снежна бура и ниски температури. Поголеми делови од Романија, Бугарија и источните делови на Србија беа зафатени од интензивни врнежи на снег кои предизвикаа жртви, недостиг на струја и големи тешкотии во сообраќајот.
-
Свет 27.11.2023 14:35
Уапсен осомничениот за пукањето на млади Палестинци во близина на Универзитетот во Вермонт
Уапсен напаѓачот кој викендов застрела и рани тројца палестински студенти во близина на кампусот на Универзитетот во Вермонт. 48-годишниот Џејсон Итон е приведен за време на потрагата во областа каде што се случил нападот. При претрес на неговиот дом се откриени докази за злосторството.
-
Свет 27.11.2023 14:17
Нова размена на заложници во Газа
Примирјето во Појасот Газа може да се продолжи за уште еден ден за сите дополнителни ослободени заложници и затвореници, соопштија и Израел и Хамас. Но, од Тел Авив потенцираа дека веднаш потоа ќе ја продолжат офанзивата.










