• Свет 23.11.2023 12:49

    Холандија оди в десно, ќе следува ли „Нексит“?!

    Нов кошмар на Европската унија со крајната десница. Се вклучи црвеното светло во Брисел по очигледната победа на изборите на Герт Вилдерс којшто во кампањата најави „Нексит“, референдум за напуштање на Холандија на европскиот блок.

  • Свет 23.11.2023 12:28

    Неочекуван пресврт за пролонгирање на договорот меѓу Хамас и Израел

    Неочекуваниот пресврт за пролонгирање на договорот меѓу Хамас и Израел го остави светот во исчекување. Катар уверува-одложувањето не е поради несогласувања, туку подготовката на списокот на заложници за кои било потребно подолго време.

  • Свет 23.11.2023 12:02

    Се очекува извлекување на затрупаните работници

    По речиси две недели копање и одложување, продолжи операцијата за спасување на 41 работник кои останаа затрупани во тунел на автопат во изградба во северна Индија.

  • Свет 23.11.2023 11:56

    Експлозијата на мостот „Виножито“ е предизвикана од невнимание

    Експлозијата на мостот „Виножито“ што ги поврзува САД и Канада кај водопадите „Нијагара“ е предизвикана од невнимателно возење-покажа првичната анализа од истрагата. Во несреќата загинаа две лица кои се наоѓале во возилото кое се движело со огромна брзина и удрило во граничната станица.

  • Свет 23.11.2023 09:27

    Нема затишје додека не се финализира договорот меѓу Хамас и Израел

    Одложен договорот за прекин на огнот што го постигнаа Хамас и Израел. Во последен момент шефот на Националниот совет за безбедност на Израел, Цачи Ханегби изјави за Би-Би-Си дека ослободувањето на заложниците се пролонгира за утре. Преговорите се во тек.

  • Свет 22.11.2023 21:33

    Експлозија на границата меѓу Канада и САД, две лица загинаа

    Преминот „Мостот Виножито“ што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади е затворен од двете страни откако експлодира неидентификувано возило.

    Според извештајот, загинале две лица во возилото, а еден службеник на граничната патрола е повреден.

  • Свет 22.11.2023 18:25

    Јужна Кореја суспендира дел од воениот договор потпишан со Пјонгјанг во 2018 година

    Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018-та и да го врати воздушниот надзор во областа во близина до воената демаркациска линија, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит.

  • Свет 22.11.2023 15:41

    Земјотрес од 6,7 степени според Рихтер го погоди архипелагот Вануату во Пацификот

    Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот дел на архипелагот Вануату во Пацификот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), а властите соопштија дека не се очекува тоа да предизвика цунами.

  • Свет 22.11.2023 15:03

    Пауза во борбите, надеж за крај на крвопролевањата

    Израелската влада и Хамас договорија четиридневна пауза во борбите за ослободување на 50 заложници (жени и деца) кои се држат во Газа, додека од израелските затвори ќе бидат пуштени 150 Палестинци. Меѓу другото, хуманитарната помош ќе може непречено да поминува во сите области на енклавата.

  • Свет 22.11.2023 14:27

    Активирана рачна бомба на сточен пазар во Призрен

    Десет лица се повредени при експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен. Петмина од повредените се со посериозни повреди и хоспитализирани.

    Косовската полиција соопшти дека за инцидентот се осомничени три лица, по кои сè уште се трага. Сè уште нема информации за мотивите.

Pages