Петмина железнички работници загинаа откако во нив удри брз воз.
Несреќата се случила додека вршеле поправка на пругата во близина на станицата во Брадицо.
Причината за смртоносниот инцидент е непозната. Во тек е истрага.
Петмина железнички работници загинаа откако во нив удри брз воз.
Несреќата се случила додека вршеле поправка на пругата во близина на станицата во Брадицо.
Причината за смртоносниот инцидент е непозната. Во тек е истрага.
Над 580 пожарникари од Европа, вклучувајќи и тимови од Романија и Шпанија, им помагаат на грчките екипи кои се борат со огромни пожари во североисточниот дел на медитеранската земја.
Огнот е активен веќе 13 дена, властите издадоа предупредување за загрозените подрачја.
Министрите за надворешни работи на Европската унија на неформален состанок во Толедо. На маса – војната во Украина и кризата во Африка. Високо на агендата е регионот Сахел поради воените удари во Габон и Нигер, кои според официјален Брисел, сериозно ја зголемуваат нестабилноста во тој појас.
Десетици загинати и повредени во пожар на повеќекатница во Јоханесбург, најголемиот град во јужна Африка. Седум од жртвите се деца. Властите очекуваат дека идентификацијата ќе биде тешка. Дел од повредените се со тешки изгореници.
Ситуацијата во регионот на Сахел, пред сè во Нигер, како и руската агресија врз Украина и мировната иницијатива предложена од Киев, главни теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите ч
Јужнокорејската и американската војска одржаа вежба во близина на границата со северна Кореја. Вежбата има за цел да ја подобри интероперабилноста меѓу јужнокорејските и американските војници за време на преминувањето на јазот.
Руската воздушна одбрана собори беспилотно летало кое се движело кон Москва. Повеќе од 40 летови биле одложени на аеродромите во Внуково и Домодедово.
„Идалија“ предизвика торнадо што стигна до Чарлстон, Јужна Каролина по што се упати кон Атлантскиот Океан. Бурата превртувала автомобили при што биле повредени две лица. поплавени се улици, а според податоците, плимата достигнала речиси 3 метри.
Најмалку 58 лица загинаа во пожар на повеќекатница во Јоханесбург, најголемиот град во јужна Африка. Над 40 лица биле повредени во пожарот што избувна во претпладневните часови. Бројот на жртвите може да расте.
Воен удар во Габон. Армијата ја презеде моќта за да ги поништи резултатите од претседателските избори и да го симне од власт лидерот чиешто семејство владее над пет децении.