Расте бројот на жртви и повредени откако се судрија два патнички воза во јужната индиска држава Андра Прадеш.
Во тек е спасувачка операција, се расчистуваат урнатините.
Расте бројот на жртви и повредени откако се судрија два патнички воза во јужната индиска држава Андра Прадеш.
Во тек е спасувачка операција, се расчистуваат урнатините.
САД и Јужна Кореја почнаа големи воздушни вежби, во кои учествуваат 130 воени авиони на двете земји.
Годишната вежба наречена „будна одбрана“ ќе трае до петок.
Загинати и повредени во руски напади врз цивилна инфраструктура во Херсон.
Два украински брода без екипаж се откриени во Црното Море и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Зголемено присуство на воени возила долж јужниот израелски пограничен град Сдерот веднаш до границата со Газа. Конфликтот меѓу израелската армија и Хамас продолжува. Во тек се операции во северниот дел на Појасот.
Сликите од голготата и маките низ која минуваат цивилите во појасот Газа, го кренаа светот на нозе.
Расте бројот на загинати во ураганот „Отис“ во Мексико. Веќе има 40-ина жртви, повеќето се удавиле откако бурата го погоди пацифичкиот брег.
Вооружените сили на Мексико доставуваат помош во познатото одморалиште Акапулко, се делат пакети со храна и вода за пиење.
Киев се плаши дека конфликтот на Блискиот Исток кој го одвлекува вниманието на меѓународната заедница, може да доведе до намалување на поддршката за Украина.
Телефонските линии и интернет-конекциите се враќаат во Газа. Експлозии и натаму се слушаат во појасот. Следува долга и тешка војна – изјави израелскиот премиер Нетанјаху.
Масовни протести низ светот со барање да се стави крај на насилствата и на страдањата на луѓето од Газа. Илјадници луѓе маршираа во Лондон, Рим, Берлин, Њујорк, Истанбул.
Во британската престолнина имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, уапсени над 300 луѓе и во Њујорк.
Над 35 загинати, повеќе од 60 повредени во верижна сообраќајна несреќа на патот Каиро – Александрија во Египет.
Автобус се забил во паркиран автомобил, по што во него влетале другите возила и настанал пожар.
Во сообраќајната несреќа учествувале 30-ина возила.