Во тек се повеќе истраги за причините за падот на авионот на американскиот маринци со 23 маринци во Австралија.
Загинаа најмалку тројца маринци, а најмалку петмина се тешко повредени за време на вежба за обука.
Во тек се повеќе истраги за причините за падот на авионот на американскиот маринци со 23 маринци во Австралија.
Загинаа најмалку тројца маринци, а најмалку петмина се тешко повредени за време на вежба за обука.
Претседателот на Украина, Зеленски, рече дека наскоро ќе побара од парламентот построги казни за лицата осудени за корупција за време на војната. Тој најави дека пратениците ќе го добијат предлог-законот следната недела.
Руските власти и официјално ја потврдија смртта на шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин. По направените генетски анализи на пронајдените тела, потврдено е дека идентитетот на загинатите одговара со списокот на патници кои летаа од Москва до Санкт Петербург.
Тешка сообраќајна несреќа меѓу патнички автомобил и цистерна се случи изутрината околу 8 часот на патот Ужице-Златибор, во Србија. Во несреќата, како што јавуваат српските медиуми, загинаа брачен пар на 65 и 66-годишна возраст и деветгодишно девојче.
Уште една тензична ноќ во Киев. Сирените за воздушна тревога со часови не запираа. Украина ликвидираше четири руски крстосувачки ракети, соопштија воздухопловните сили. Ракетите биле лансирани од стратешки бомбардери.
Италијанската метеоролошка служба издаде предупредување за циклонот Реа, кој носи неповолни временски услови во централните и северните региони.
Тројца маринци загинаа, а 20 се повредени откако се урна американски воен авион во Австралија во близина на островот Тиви, северно од Дарвин за време на воена вежба.
Америка повторно во грч, по најновото убиство од омраза. Маж застрела тројца Афроамериканци, двајца мажи и жена, во продавница во градот Џексонвил на Флорида.
Неколку членови на клиника за плодност во Грција се уапсени во изминатите две недели под обвинение за трговија со луѓе што вклучува сурогат мајчинство и трговија со јајцеклетки.
Жестоки битки и натаму јужно од Картум. По вчерашната експлозија како резултат на бомбардирање на позициите на Силите за брза поддршка во близина на аеродромот во главниот град на Судан, борбите продолжија меѓу суданската армија и ривалските паравоени сили.