Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници, за да се засилат безбедносните патроли во земјата, откако 20-годишен исламски екстремист избоде до смрт локален наставник во средно училиште.
-
Свет 14.10.2023 13:08
-
Свет 14.10.2023 12:34
Нов шестчасовен рок за евакуација од Појасот Газа
Израелската армија со нов рок за евакуација во Појасот Газа. Уверуваат дека шест часа нема да бомбардираат во областа. Ги повикаа жителите итно да се преместат во јужниот дел на Појасот. Обединетите нации алармираа дека е неможно да се евакуираат над еден милион жители за краток период.
-
Свет 14.10.2023 09:34
Израелската армија почна операција во Појасот Газа
Израелската армија соопшти дека спровела неколку операции во Појасот Газа во изминатото деноноќие. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари на мрежата Х напиша дека целта на овие операции е „да се исчисти областа од терористи и оружје“.
-
Свет 13.10.2023 20:11
Израелската војска спроведе операции во Газа
Израелските трупи спроведоа ограничени акции во Појасот, потврдија извори од војската. Пешадијата и оклопните возила беа дел од операцијата во која израелските војници бараше заложници и собираше информации за заробениците на Хамас.
-
Свет 13.10.2023 18:25
Ново убиство на професор во средно училиште во Франција
Франција повторно во шок. Изутринава гимназијата Гамбета во Арас, беше театар на уште еден настан кој ја потреси Франција. Напаѓач вооружен со нож упаднал во објектот околу 11.00 часот, при што убил професор по француски јазик и повредил тешко уште две лица.
-
Свет 13.10.2023 14:46
ОН: Евакуација на Појасот Газа е невозможна без катастрофални хуманитарни последици
Израел ги предупреди Палестинците да се евакуираат во рок од 24 часа. Од 2,3 милиони Палестинци во појасот најзагрозени се 1,1 милиони. Евакуацијата треба да се спроведе преку преминот Рафа на израелско-египетската граница.
-
Свет 13.10.2023 14:23
Напад со нож во Франција, загина наставник
Напад со нож во училиште во северниот француски град Арас. Загина учител, а неколкумина се повредени.
-
Свет 13.10.2023 13:00
Зголемена безбедност во Европа и САД поради пропалестинските и произраелските протести
Служби за безбедност го зголемија нивото на претпазливост поради можната ескалација на произраелските и на пропалестинските протести на американска територија. Во Вашингтон полицијата го засили обезбедувањето околу Капитол и во критичните места на главниот град на САД.
-
Свет 13.10.2023 12:32
Израел ги повика жителите да го напуштат градот Газа
Израел ги предупреди Палестинците да се евакуираат во јужниот дел на Газа во рок од 24 часа. ООН веруваат дека е невозможно да се направи тоа без катастрофални хуманитарни последици. Израелско-палестинскиот конфликт влезе во седмиот ден.
-
Свет 13.10.2023 12:10
Јапонија го започна судскиот процес против убиецот на премиерот Шинзо Абе
Почнува судскиот процес против атентаторот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.
Судењето на 40-годишниот Јамагами, кој е обвинет за убиство со рачно изработена двоцевка на 8-ми јули минатата година, ќе биде затворено за јавноста.










