Тајфунот „Саола“ пустоши во јужна Кина. 900 илјади луѓе се евакуирани, повеќето компании, училишта и транспортни услуги се прекинати во Хонгконг и други делови од јужниот дел на земјата.
-
Свет 02.09.2023 11:10
-
Свет 02.09.2023 10:44
Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето
Само две недели по успешното лансирање на беспилотното летало на месечината, Индија ја почна својата прва вселенска мисија за проучување на Сонцето.
-
Свет 02.09.2023 10:38
Минск: Полски хеликоптер го наруши нашиот воздушен простор
Граничната служба на Белорусија соопшти дека полски хеликоптер навлегол во воздушниот простор на земјата.
Според Минск, снимката покажува како леталото се враќа на полска територија откако влетало во зоната која му била недозволена.
-
Свет 02.09.2023 10:23
Пјонгјанг истрела неколку крстосувачки ракети
Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во правец на Жолто Море. Од здружениот штаб на Јужна Кореја во Сеул соопштија дека и натаму се во состојба на готовност и внимателно ги следат активностите на северниот сосед.
-
Свет 02.09.2023 09:34
Руско-украински конфликт: Напади од двете страни на границата
Уште една нуклеарна електрана во опасност од вооружените пресметки на Украина и Русија. Две украински беспилотни летала извршиле напад врз рускиот град Курчатов, Курска област, каде што е стационирана ваква централа.
-
Свет 01.09.2023 14:29
Затворени стотина училишта во Обединетото Кралство поради сомнеж во безбедноста на цементот од кој се изградени
Децата во повеќе од 100 училишта во кралството не појдоа на училиште, откако објектите беа затворени по наредбата на националниот просветен ревизор. Причината е далеку од наивна. На образовните установи им се заканува уривање поради сомнежот во безбедноста на цементот од кој се изградени.
-
Свет 01.09.2023 13:15
Смедерево: Поради неплатена кирија, го разнел станот со бомба
Едно лице загина, а две се повредени во експлозија на последниот кат од станбена зграда во центарот на Смедерево.
-
Свет 01.09.2023 13:09
Русија цел на напади со беспилотни летала, продолжува контраофанзивата
На сателитски снимки на кои се гледаат сомнителните напади со украински беспилотни летала ДСЕ3, уништени најмалку два воени транспортни авиона во руската воздухопловна база.
-
Свет 01.09.2023 12:08
Уште еден предизвик за француската стратегија во Африка
Француската премиерка Елизабет Борн објави дека Франција „со најголемо внимание“ го следи државниот удар во Габон, а нејзината влада го осуди бунтот против сојузникот на Париз, претседателот Али Бонго.
-
Свет 01.09.2023 10:22
Загинати во престрелка пред трговски центар во Тексас
Загинати и повредени во престрелка пред голем трговски центар во Остин, Тексас. Две лица биле прогласени за мртви на местото на пукањето, меѓу кои и стрелецот.









