Неколку луѓе се убиени, а дваесетина биле повредени во пукање на забава во Балтимор.
Нема информации за состојбата на повредените, од кои дел се хоспитализирани. Полицијата го истражува инцидентот.
Неколку луѓе се убиени, а дваесетина биле повредени во пукање на забава во Балтимор.
Нема информации за состојбата на повредените, од кои дел се хоспитализирани. Полицијата го истражува инцидентот.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш го посети Хаити и ги повика странските влади со силни безбедносни сили да и помогнат на земјата да се бори против бандите.
Израел изврши воздушни напади врз области во близина на сирискиот град Хомс. Предизвикана е материјална штета, но нема загинати.
Противвоздушната одбрана соборила дел од проектилите истрелани од израелски воени авиони кои летале над соседен Либан.
Украинскиот претседател Зеленски објави нов пакет санкции против правни и физички лица кои ја поддржуваат руската „терористичка војна“. Рече и дека санкциите се насочени и кон лица кои не се руски државјани.
Вчера стотици полицајци патролираа околу Шанзелизе во центарот на Париз. Претходно беше спроведен погребот на 17-годишното момче чија смрт предизвика немири низ Франција.
Нов деветти по ред протест на опозицијата „Србија против насилството“ се одржува денеска во Белград, со почеток пред Народното собрание. На тоа место се предвидени говори, по што ќе следи прошетка до ТВ Пинк.
Руските сили нападнаа училиште во Доњецк. Загинаа две лица, а биле повредени шест други.
Најмалку 48 лица загинаа, а 30-ина биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа на автопат во западна Кенија.
Камион загубил контрола и удрил во други возила и пешаци. Кениските власти изразија сочувство по несреќата. Обилните дождови ги попречуваат спасувачките операции.
Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници. Околу 1.000 биле уапсени ширум Франција. Претседателот Макрон е под голем притисок, откако ги повика родителите да ги држат децата од улица и ги обвини социјалните мрежи за поттикнување немири.
За човекот кој смртно застрела двајца безбедносни службеници откако му беше забранет влез во Молдавија на главниот меѓународен аеродром, се води истрага за „терористички чин“.