„Згодно момче“ – американскиот претседател Џо Бајден низ смеа ја прокоментира фотографијата на неговиот претходник Доналд Трамп, направена при неговото апсење во Џорџија. Шефот на Белата куќа, кој летува на езерото Тахо се насмеа кога новинарите го прашаа дали ја видел сликата.
-
Свет 26.08.2023 11:56
-
Свет 26.08.2023 09:55
Загинати и повредени во стампедо на стадион во Мадагаскар
80 луѓе биле повредени, а најмалку 13 загинале при обид да влезат на стадион во Мадагаскар за време на отворањето на игрите во Индискиот океан.
50.000 гледачи се обиделе да влезат на стадионот кога настанала општа паника и стампедо.
-
Свет 26.08.2023 09:45
Дрон погодил руска воена база на Крим
Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека украински дрон погодил руска воена база на Крим.
Локалното население тврди дека има жртви. Погодена била 126-та крајбрежна одбранбена бригада, на повеќе од 200 километри од територија под контрола на Киев.
-
Свет 26.08.2023 09:40
Протеран францускиот амбасадор од Нигер
Воениот врв кој ја презема власта во Нијамеј, му нареди на францускиот амбасадор во Нигер во рок од 48 часа да ја напушти земјата.
-
Свет 26.08.2023 09:30
Пронајдена „црната кутија“ од авионот на Пригожин
Рускиот истражен комитет објави дека на местото на несреќата пронашла рекордери за летот од авионот на Евгениј Пригожин. Иако, неговата смрт сè уште не е потврдена. Белорускиот претседател Лукашенко вели дека е сигурен дека смртта на Пригожин не била нарачана од претседателот Путин.
-
Свет 25.08.2023 19:33
Спречен масовен напад на беспилотни летала врз Крим, од страна на Русија
Русија спречила масовен бран напади со беспилотни летала врз окупираниот Крим и ракетен напад врз Калуга. Украинската војска пак, пријави смртоносни воздушни напади со дронови врз нејзините региони.
-
Свет 25.08.2023 14:27
Грција уапси 79 осомничени за подметнување пожари
Полицијата приведе 79 лица во под сомнение дека ги подметнале пожарите во Грција. Жариштето на североистокот, според властите, е најголемиот пожар регистриран во Европската унија.
-
Свет 25.08.2023 14:27
Нигер одобри војници на Мали и Буркина Фасо да интервенираат на нејзина територија
Генералот Абдурахаман Тчиани потпиша наредба со која се овластуваат одбранбените и безбедносните сили на Буркина Фасо и Мали да влезат на територијата на Нигер во случај на напад.
-
Свет 25.08.2023 14:27
Русија спречила напади со беспилотни летала врз Крим
Русија спречила масовен бран напади со беспилотни летала врз окупираниот Крим и ракетен напад врз Калуга. Украинската војска пак, пријави смртоносни воздушни напади со дронови врз нејзините региони.
-
Свет 25.08.2023 13:46
Трамп се предаде, плати кауција, па се врати дома
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во Џорџија. Беше приведен, доби полициска фотографија и влезе во полициската евиденција под обвинение дека со 18 соработници планирал да ја промени волјата на гласачите во Претседателските избори во 2020 година.










