Премногу рано е да се извлекуваат заклучоци по неуспешниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој нагласи дека е важно западните земји да останат целосно координирани.
-
Свет 26.06.2023 20:39
-
Свет 26.06.2023 12:43
Шојгу во инспекција на руските сили во Украина
Рускиот министер за одбрана Шојгу ги посети војниците во Украина и за прв пат се појави во јавноста по заканите на паравојската Вагнер за бунт против него.
-
Свет 26.06.2023 11:54
Рација во мигрантски кампови во Србија
Српската полиција изврши рација до два мигрантски кампа во шумски предел на Кањижа во близина на границата со Унгарија и Романија.
Конфискувани се две автоматски пушки и муниција. Мигрант од Авганистан е уапсен за поседување оружје и експлозивни средства.
-
Свет 26.06.2023 11:34
Состанокот на Советот на ЕУ за кризата во Косово
Кризата во Косово – тема на состанокот на Советот на Европската унија. Пред еден месец, косовските специјалци упаднаа во општинските згради во Звечан, Лепосавич и Зубин Поток, за да им овозможат на албанските градоначалници да почнат со работа.
-
Свет 26.06.2023 09:51
Полициски час поради насилство меѓу картели во Хондурас
Националната полиција на Хондурас врши претрес во Колома. Претседателот Кастро прогласи полициски час во делови од земјата каде што убијци платени од нарко-картели усмртија 11 луѓе.
Пред една недела во вооружена пресметка меѓу ривалски банди настрадаа педесетина затворенички.
-
Свет 26.06.2023 09:49
Шојгу се појави во јавност, првпат по обидот за бунт во Русија
Рускиот министер за одбрана Шојгу за прв пат се појави во јавноста по заканите на паравојската Вагнер за бунт против него.
-
Свет 26.06.2023 09:42
Нова демократија победи во вториот круг
Нова демократија на Кирјакос Мицотакис останува на власт уште четири години. Конзервативецот добива втор мандат откако во вториот круг на парламентарните избори освоија 40,5%, односно 158 пратенички места од вкупно 300.
-
Свет 25.06.2023 21:23
Нова демократија победик на изборите во Грција
Нова демократија со потребното парламентарно мнозинство за формирање еднопартиска Влада, Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии.
-
Свет 25.06.2023 19:53
Киев почна контраофанзивата во неколку сектори на фронталната линија
Во Украина пак продолжува војната. Киев тврди дека ја почнал контраофанзивата во неколку сектори на фронталната линија на Запорожје и дека се наближува кон Доњецк.
-
Свет 25.06.2023 19:46
Загинат и повредени во забавен парк во Стокхолм
Едно лице загина, и повеќемина се повредени по излетувањето на брзата железница во Стокхолм, Шведска. Еден од вагоните се излизгал и паднал на тлото на забавниот парк Грона Лунд.










