Едно лице загина, и повеќемина се повредени по излетувањето на брзата железница во Стокхолм, Шведска. Еден од вагоните се излизгал и паднал на тлото на забавниот парк Грона Лунд.
-
Свет 25.06.2023 19:46
-
Свет 25.06.2023 19:38
Во воздушен напад во Сирија загинале најмалку девет луѓе
Во воздушен напад на Зелен пазар во северозападна Сирија загинале најмалку девет лица. според сириската опсерваторија за човековите права, Русија, сојузникот на сирискиот претседател Башар ал Асад го лансирала проектилот кој завршил во близината на турската граница.
-
Свет 25.06.2023 19:30
Мицотакис пристигна во изборниот штаб во Атина
Лидерот на Нова демократија Мицотакис, пристигна вечерва во изборниот штаб на партијата во Атина каде што се очекува да ја прослави победата на изборите.
-
Свет 25.06.2023 13:27
Поројни дождови во три области во централна Романија
Црвена тревога поради поројни дождови во три области во централна Романија. Југот се справува со топлотен бран, западот, центарот и североистокот со невреме.
Регистрирани се и неколку интервенции на противпожарните екипи. Поплавени се десетици куќи.
-
Свет 25.06.2023 13:07
Повторени парламентарни избори во Грција
Грција на повтореното гласање избира меѓу Мицотакис и Ципрас, лидерите на Нова демократија и Сириза.
-
Свет 25.06.2023 11:41
Топлотен бран во Кина, прогласена црвена тревога
Топлотен бран во Кина. Властите во загрозените подрачја презедоа мерки за заштита на работниците на отворено и за непрекинато и стабилно снабдување со вода за време на летната сезона.
Во северниот дел е прогласена црвена тревога.
-
Свет 25.06.2023 11:34
Протест против владините планови за промена на правосудниот систем во Тел Авив
Десетици демонстранти го блокираа сообраќајот во Тел Авив поради протестот против владините планови за промена на правосудниот систем. На одредени локации дојде и до судир со полицијата.
-
Свет 25.06.2023 09:57
Пригожин ги повлече трупите на Вагнер од Русија, Кремљ го запре судскиот процес против него
Шефот на паравојската Вагнер, Пригожин и неговите трупи се повлекоа од Русија. Кремљ претходно објави дека е постигнат договор според кој Пригожин заминува во соседна Белорусија и не подлежи на судење поради наредбата за марш до Москва.
-
Свет 25.06.2023 09:23
Парламентарни избори во Грција
Втор круг од парламентарните избори во Грција. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот кога се очекуваат и првите резултати.
-
Свет 24.06.2023 19:20
Кремљ нареди апсење на лидерот на Вагнер, откако Пригожин се закани со бунт
Москва воведе антитерористички мерки, Кремљ бара апсење на шефот на паравојската Вагнер поради заканите за блокада на главниот град и на Ростов, но и за бунт против руското Министерство за одбрана поради наводен обид за ракетен напад врз воените кампови на групата во Украина.










