Филипинската војска ја осуди прекумерната употреба на водени топови од страна на брод на кинеската крајбрежна стража за да го спречи филипинскиот брод за снабдување да испорача нови војници, храна, вода и гориво до окупираниот дел од Филипините.
-
Свет 07.08.2023 10:14
-
Свет 07.08.2023 10:06
Изгореа над седум илјади хектари шума во Португалија
Високите температури за време на викендот предизвикаа шумски пожари во Португалија. Управата за цивилна заштита соопшти дека над илјада пожарникари, со повеќе од 300 возила и неколку авиони и хеликоптери кои пренесувале вода учествувале во гаснењето на пожарот што изгоре околу 7.000 хектари.
-
Свет 07.08.2023 10:02
Затворен воздушниот простор над Нигер, се стравува од воена интервенција
Затворен воздушниот простор над Нигер по заканата со воена интервенција од страна на ЕКОВАС. Истече ултиматумот од 7 дена на западноафриканската заедница.
-
Свет 07.08.2023 09:57
Украина потврди дека го извршила нападот на мостот меѓу Крим и Керсон
Вооружените сили на Украина ја презедоа одговорноста за ракетните напади на мостовите меѓу Крим и регионот Керсон. Руските власти објавија дека украински беспилотни летала биле соборени над Москва и пограничниот регион Брајанск.
-
Свет 06.08.2023 18:07
78 години од атомската бомба
Хирошима ја одбележува 78- годишнина од атомската бомба која беше фрлена врз овој јапонски град. Властите ја искористија можноста да ја критикуваат поддршката за нуклеарното оружје во руско-украинскиот конфликт.
-
Свет 06.08.2023 17:35
Пучистите во Нигер бараат помош од „Вагнер“
Пучистите во Нигер бараат помош од паравојската „Вагнер“. По воениот удар на крајот на јули со кој беше заробен претседателот Мохамед Базум, власта е во рацете на војската.
-
Свет 06.08.2023 11:27
Се влошува ситуацијата во Словенија, земјата бара помош од европскиот фонд за солидарност
Ситуацијата со поплавите во Словенија никако да се подобри. Пријавени се напукнувања на брани и излевања на неколку реки. Продолжи евакуацијата на населението од критичните подрачја, а неколку региони останаа без струја поради уништената инфраструктура.
-
Свет 06.08.2023 09:23
Шојгу им даваше награди на своите војници во Украина
Руското Министерство за одбрана обајви снимка на која се гледа како министерот Шојгу им дава награди на војниците во Лиман, Украина.
-
Свет 06.08.2023 09:19
По Словенија, невреме и во Србија и Хрватска
Поројни дождови и град во делови од Србија и Хрватска. Нивото на реката Сава кај Загреб достигна рекордно ниво.
Во областа Брдовец се поплавени повеќе домови, а населението се евакуира. Во невремето во Словенија загинаа четири лица.
-
Свет 05.08.2023 18:28
Три години затвор за поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан
Три години затвор за поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан поради незаконска продажба на државни дарови – одлучи првостепениот суд. Полицијата го уапси кан во неговиот дом.










