В недела истекува крајниот рок за ослободување на претседателот на Нигер, Мохамед Базум и негово враќање на власт.
Западноафриканскиот блок Еовас, кој го постави ултиматумот, подготви план за воена интервенција доколку не биде испочитувано барањето.

Вонредна седница на Советот за национална безбедност поради смртоносното невреме во Словенија. Поројните дождови предизвикаа поплави поради кои беше спроведена итна евакуација на населението. Повеќе места се отсечени поради свлечишта и поплавени патишта и мостови.
Дводневен мировен самит во Џеда за Украина без присуство на Русија. Учествуваат претставници од 40 земји.
„Саудиска Арабија изрази подготвеност да помогне во наоѓањето решение кое ќе доведе до траен мир“, соопшти владата во Ријад.
Вонредна седница на Советот за национална безбедност поради смртоносното невреме во Словенија. Поројните дождови предизвикаа поплави поради кои беше спроведена итна евакуација на населението. Повеќе места се отсечени поради свлечишта и поплавени патишта и мостови.
Состојбата со поплавите во Словенија не е подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија сè уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми. Реката Сава се поплавува во поголеми размери, во долниот тек во наредните часови ќе го достигне својот најголем проток.
Во Словенија во незапаметеното невреме загинаа двајца Холанѓани поради удар на гром и еден словенечки државјанин во областа Камник. Во повеќе области во тек е евакуација. Регионите Медлог и Шпица во околината на Цеље се речиси целосно поплавени.
Загинати и исчезнати по лизгање на земјиште во одморалиштето Шови, во Грузија, на 140 километри северозападно од главниот град Тбилиси. Во операциите за пребарување и спасување учествуваат 400 спасувачи и два хеликоптера.
Косовската полиција најави дека ќе го намали за 25 насто присуството во и околу општинските објекти на северот на Косово.
Беспилотно товарно вселенско летало стигна до меѓународната вселенска станица два дена откако беше лансирано од постројката Волопс во Вирџинија.
Службата за цивилна заштита на Словенија ја вклучи и војската во состојба на готовност поради силното невреме. Рекордните врнежи во текот на ноќта предизвикаа поплави. Активиран е националниот план за заштита и спасување. Се евакуираат илјадници луѓе.