Ново обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за обидите да изврши промена на резултатите од изборите во 2020. Од судот воВашингтон, Трамп се товари за заговор за измама против САД, обид за попречување на службени постапки, како и заговор против правата.
-
Свет 02.08.2023 10:45
-
Свет 01.08.2023 20:49
Во Шпанија жртва од топлотниот бран
Топлотниот бран во Шпанија усмрти 24-годишно момче кое загубило свест додека ја одржувало градината. Температурите го надминаа 40-от целзиусов степен. Низ земјата се активирани портокалов и жолт аларм.
Како превентивна мерка, дел од рестораните не примаат гости на терасите.
-
Свет 01.08.2023 18:43
Жртви и повредени во сообраќајна несреќа во Унгарија
Едно дете загина, а петмина лица се повредени откако возило со илегални
-
Свет 01.08.2023 14:08
Секоја воена интервенција во Нигер ќе значи војна за Буркина Фасо и Мали, порачаа двете преодни влади
Расте тензијата во Западна Африка. Франција и Италија организираат летови за евакуација на европските државјани.
-
Свет 01.08.2023 13:30
Полицијата во Мемфис застрела и рани осомничен за напад во еврејско училиште
Полицијата во Мемфис застрела и рани осомничен за напад во еврејско училиште. Мажот, чијшто идентитет не се открива, истрелал неколку куршуми и првично успеал да побегне со камион.
-
Свет 01.08.2023 12:15
Нови напади со дронови врз Москва
Војната во Украина добива нови размери. Москва одново цел на украински беспилотни летала, тврдат руските власти. Дрон удрил во истата зграда која беше оштетена во сличен напад во неделата. Портпаролката на руското МНР, нападите ги спореди со терористичките напади на Њујорк, во 2001-ва година. .
-
Свет 01.08.2023 11:48
Загинати и повредени по обилните врнежи во Пекинг
Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се водат за исчезнати по обилните врнежи што го зафатија Пекинг. Кинеската војска во мисија за спасување на погоденото население од бурата „Доксури“ со моќност на супертајфун.
-
Свет 01.08.2023 10:02
Соработниците на Додиќ на црната листа на САД
САД воведоа санкции против четворица највисоки функционери на босанските Срби, вклучително и српската членка на претседателството на земјата, за поткопување на мировниот договор со кој заврши војната на балканската земја во 1990-та, односно Дејтонскиот договор.
-
Свет 01.08.2023 09:57
Расте тензијата во Западна Африка
Расте тензијата во Западна Африка. Франција и Италија организираат летови за евакуација на европските државјани. Западноафриканскиот блок ЕКОВАС во неделата ги прекина односите со Нигер и дозволи употреба на сила доколку не се врати претседателот на земјата во рок од една недела.
-
Свет 01.08.2023 09:56
Зеленски: Санкциите против Русија треба значително да се зголемат
Руската противвоздушна одбрана, во раните утрински часови, собори неколку беспилотни летала над главниот град. Затворен еден од аеродромите во главниот град. Нови напади и врз Харков.










