• Свет 16.07.2023 10:14

    Напад со беспилотно летало на Крим

    Руските сили за противвоздушна одбрана и флотата во Црното море одбиле напади со украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол. Соборени биле 2 летала, а 5 беа уништени. Според информациите во градот сега е мирно.

  • Свет 15.07.2023 12:57

    Топлотен бран во делови од стариот континент

    Топлотен бран ја погоди Италија. Се очекуваат температури меѓу 36 и 39 степени. Тоа сепак не ги спречи туристите да се дојдат во вечниот град. Властите за централна Италија објавија црвен аларм, а главниот град Рим е на врвот на листата на најжешките градови во земјата.

  • Свет 15.07.2023 12:51

    Неколкумина загинати во одрон и поплави во Јужна Кореја

    Во дводневните обилни дождови во Јужна Кореја загинаа најмалку седум лица. Двајца се исчезнати во лизгање земјиште и во поплавите, три лица загинаа откако свлечиштата предизвикани од поројните дождови ги затрупаа нивните куќи во два централни града.

  • Свет 15.07.2023 09:52

    Топлотен бран ја погоди Италија

    Топлотен бран ја погоди Италија. Кои се очекуваат температури меѓу 36 и 39 степени. Тоа сепак не ги спречи туристите да се дојдат во вечниот град.

    Властите за централна Италија објавија црвен аларм, а главниот град Рим е на врвот на листата на најжешките градови во земјата.

  • Свет 15.07.2023 09:45

    Жртви во пукање во Фарго

    Еден полицаец загина, а двајца биле тешко повредени кога напаѓач почнал да пука на улица во Фарго, Северна Дакота. Полицајците возвратиле на огнот при што го убиле осомничениот.

    Тешко ранет е и еден цивил. Локалните жители се евакуирани. Во тек е истрага.

  • Свет 15.07.2023 09:40

    Протести поради неизвесноста по изборите во Гватемала

    Десетици жители на Гватемала на улиците на главниот град на протести против најновите случувања на претседателските избори. Толпата се собра пред канцеларијата на Јавниот обвинител барајќи од Државниот обвинител и од шефот на Специјалното обвинителство да се повлечат.

  • Свет 15.07.2023 09:37

    Зеленски: Ќе продолжиме со притисокот за меѓународна поддршка

    Украинскиот претседател Зеленски рече дека „руските сили на нашите јужни и источни територии инвестираат сè“ за да ја запрат украинската контраофанзива. Меѓудругото рече и дека украинската Влада „сè уште не го завршила“ притисокот за меѓународна поддршка.

  • Свет 14.07.2023 20:51

    Голем шумски пожар во Бодрум

    Голем шумски пожар попладнето избувна во познатото турско летувалиште Бодрум. Гори на повеќе локации, а противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром. Во неговото гаснење учествуваат 7 хеликоптери, 3 авиони, десетици цистерни и голем број пожарникари.

  • Свет 14.07.2023 13:41

    Пламените јазици во Далмација ставени под контрола, но екипите остануваат на терен

    Апокалиптични сцени во селото Гребаштица во Хрватска. Четворица пожарникари се повредени при гаснењето на пожарот во близина на Шибеник. Пламените јазици се ставени под контрола, но екипите остануваат на терен поради опасност од повторно распламтување на огнот.

  • Свет 14.07.2023 13:32

    Обилните дождови во САД направија хаос

    Додека поголемиот дел од Европа се соочува со екстремно високи температури, во САД не запираат поројните дождови.

Pages