Западната воена поддршка пристига до Украина. Вашингтон ќе започне со обука на украинските сили за употреба и одржување на тенковите Абрамс.
-
Свет 22.04.2023 12:54
-
Свет 22.04.2023 11:54
САД: Пилулата за абортус засега останува
Врховниот суд на САД го задржува пристапот на жените до лек кој се користи во најчестиот метод на абортус. Отфрлени се ограничувањата на пониските судови додека трае судскиот процес. „Мифепристон“ е еден од двата лека за абортус.
-
Свет 22.04.2023 10:10
Чиле најавува национализација на индрустијата на литиум
Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ објави план со кој бара од приватните компании да станат партнер со Владата во екстракцијата на литиум, кој е многу баран ширум светот за употреба во електрични батерии.
-
Свет 22.04.2023 09:55
Зеленски: Го следиме состанокот во воздухопловната база во Германија
Украинскиот претседател Зеленски вели дека со неговиот персонал внимателно го следат состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, објави дека Вашингтон ќе започне со обука на украинските сили за употреба и одржување на тенковите Абрамс.
-
Свет 22.04.2023 09:16
Утре на северот на Косово ќе се одржат вонредни локални избори
Утре на северот на Косово се одржуваат вонредни локални избори во општините Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби. Се гласа на 19 избирачки места.
-
Свет 22.04.2023 09:09
Стејт департментот ги обнови повиците за прекин на огнот во Судан
Стејт департментот ги обнови повиците за прекин на огнот во Судан. САД развиваат опции за помош и евентуалната евакуација на персоналот на американската амбасада. Во тек е 72-часовното примирје меѓу завојуваните страни.
-
Свет 21.04.2023 16:28
Лантинг форум во Шангај: Кинеската модернизација и светот
„Модернизацијата не треба да ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни.
-
Свет 21.04.2023 16:15
Штрајкуваат неколку аеродроми и железницата во Германија
Дводневен штрајк на четири аеродроми во Германија. Обезбедувањето бара повисоки плати, од изутрина не сообраќаат ниту возовите. Вработените во железницата бараат зголемување на платите за 12 проценти, управата на Дојче бан нуди 5 проценти.
-
Свет 21.04.2023 12:22
Со муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, прогласен тридневен прекин на огнот во Судан
Армијата и силите за брза поддршка во Судан се согласија за 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини, но и натаму се слушаат експлозии низ улиците на Картум. Хуманитарните коридори ќе бидат отворени за евакуирање цивили. Примирјето се совпаѓа со Рамазан Бајрам.
-
Свет 21.04.2023 12:17
Британскиот вицепремиер Доминик Раб поднесе оставка
Вицепремиерот и министер за правда на Велика Британија, Доминик Раб поднесе оставка по независна истрага за неговото однесување и наводите за малтретирање на сегашни и поранешни членови на персоналот за време на неговиот мандат во Владата.










