Земјотрес со јачина од 5,3 степени ги погоди островите Додеканези во југоисточниот дел од Егејското море.
Земјотресот е регистриран на околу 158 километри североисточно од Ираклион, објави Европскиот сеизмолошки институт.
Земјотрес со јачина од 5,3 степени ги погоди островите Додеканези во југоисточниот дел од Егејското море.
Земјотресот е регистриран на околу 158 километри североисточно од Ираклион, објави Европскиот сеизмолошки институт.
Британските пратеници одобрија сеопфатен нацрт-закон со кој ќе се ограничи можноста на мигрантите да бараат азил во Велика Британија. Секој што ќе пристигне во Обединетото Кралство нелегално, ќе биде приведен, а потоа депортиран во матичната држава или безбедна трета земја.
Во замена за поголема улога на одлучување во американското планирање за вонредни ситуации, во случај на севернокорејски нуклеарен напад, Јужна Кореја се согласи да не ја спроведува сопствената програма за нуклеарно оружје.
Прекршено е приморјето во Судан. Регистрирани експлозии во западните предградија на Картум.
Има можност да се даде нова енергија на односите меѓу Украина и Кина, вели украинскиот претседател по телефонскиот разговор со кинескиот лидер Шји Џинпинг. „
Украинските сили стационирани на западниот брег на Днепар, изведуваат акции на другата страна на реката во обид да ги изместат руските трупи. Руски напади уништија музеј и црква во регионите Харков и Херсон. Има загинати и повредени.
Кревко примирје во Судан. Светската здравствена организација предупреди од биолошки ризик откако суданските борци зазедоа здравствена лабораторија во главниот град Картум.
Европската комисија најави построги правила за заштита на податоците и корисниците на главните онлајн платформи. 17 онлајн платформи и два пребарувачи се означени како „многу големи“ бидејќи секој месец ги користат над 45 милиони луѓе. Меѓу нив се Фејсбук, Твитер и Гугл.
Талибанците во Авганистан убиле еден од водачите на таканаречената Исламска држава.
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск, во подножјето на Урал.