• Свет 20.05.2023 09:53

    Продолжува самитот на лидерите на Г7

    Украина повторно ќе биде во центарот на вниманието на водачите на групата седум на вториот ден од тридневниот самит во јапонскиот град Хирошима.

  • Свет 20.05.2023 09:49

    Протест против насилството во Србија

    Опозициски активисти поставија шатори на автопатот под мостот „Газела“ во Белград, блокирани на третиот по ред протест под слоганот „Србија против насилството“.

  • Свет 19.05.2023 13:57

    Северна Италија и понатаму во црвена тревога, расте бројот на жртви

    Водата полека се повлекува, но расте опасноста од свлечишта. Североисточна Италија и натаму во црвена тревога. Бројот на жртви се зголемува во регионот Емилија-Ромања. Десетици илјади се евакуирани, а уште толку се без струја.

  • Свет 19.05.2023 13:32

    Еден загинат во пукање во фабрика за автомобили во Охајо

    Еден маж загина, а друг е повреден во пукање во фабрика за автомобили во Охајо. По нападот осомничениот се застрела себеси по што беше хоспитализиран.

    Објектот е евакуиран, во тек е истрага за причините за смртоносниот инцидент.

  • Свет 19.05.2023 12:10

    Ереван и Баку на преговори во Москва

    Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, во Москва, во рамки на мировните преговори. Шефот на руската дипломатија, Лавров, вели дека средбата е дел од позитивната динамика во преговарачкиот процес.

  • Свет 19.05.2023 12:00

    Лидерите на Г7 на Самит во Хирошима

    Лидерите на Групата седум индустриски (Г7), најразвиени земји на Самит во Хирошима. Иако пред неколку месеци планот беше да дискутираат за глобалната лекција од пандемијата на Ковид-19, сепак геополитичките состојби на дневен ред донесоа низа други прашања.

  • Свет 19.05.2023 11:23

    Маж се разнел со бомба во Тузла

    Трагедија во тузланската населба, Молухе. Маж се саморазнел со бомба тешко повредувајќи ја својата сопруга.

    Инцидентот се случил во семејната куќа на кој сведочела нивната ќерка која минала без повреди.

  • Свет 19.05.2023 10:11

    Маж со автомобил упаднал во Апостолската палата во Ватикан

    Маж со автомобил го пробил обезбедувањето на портата на Ватикан, стигнувајќи до централниот двор на Апостолската палата, каде што папата Франциск сè уште одржува официјални состаноци.

  • Свет 19.05.2023 09:57

    Киев повторно цел на руските напади

    Нови руски напади врз Киев. Украинската одбрана тврди дека уништила 19 од вкупно 28 дронови и проектили, лансирани од Русија. Москва обвинува за украински артилериски оган во руски Белгород, во кој загинале најмалку две лица.

  • Свет 19.05.2023 09:51

    Расте бројот на жртви во Италија

    Бројот на загинати во поплавите во регионот Емилија-Ромања се искачи на 13 лица. Делови од Италија се целосно поплавени откако се излеаја над 20 реки, а евакуирани се над 13.000 луѓе.

Pages