• Свет 19.05.2023 09:45

    Тридневен самит на Г-7 во Хирошима

    Тридневен самит на земјите членки на групата Г-7 во Хирошима. Во фокусот војната во Украина. Лидерите изнаоѓаат построги санкции за казнување на Русија за нејзината 15-месечна инвазија.

  • Свет 18.05.2023 19:27

    Се заострува претседателската трка во Турција

    Се заострува претседателската кампања во Турција. Главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу, вети дека ќе депортира милиони бегалци по доаѓањето на власт и дека нема да води мировни преговори со курдските екстремисти.

  • Свет 18.05.2023 14:38

    Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во регионот

    Регионот под вода. Озобилните врнежи од дожд го зголемија водостојот на реките. Поради поплавите, во делови од Србија интервенираше Министерството за внатрешни работи. Застрашувачки сцени во Нови Сад и Западна Србија.

  • Свет 18.05.2023 11:49

    Пронајдени преживеани две недели по авионска несреќа во Колумбија

    Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

  • Свет 18.05.2023 11:06

    Помал број мигранти од очекуваното во САД

    И покрај предупредувањата за масовни мигрантски бранови по истекот на мерката позната како „Наслов 42“ – ограничувања поради Ковид-19, САД се соочија со помали карвани.

  • Свет 18.05.2023 10:03

    Земјотрес од 6,4 ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико

    Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

  • Свет 18.05.2023 09:56

    Монтана прва го забранува „Тик-Ток“

    Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на популарната платформа за споделување кратки видеа „Тик-Ток“ во државата и стана првата американска држава што ја забранува апликацијата на кинеската компанија.

  • Свет 18.05.2023 09:40

    Хирошима се подготвува за самитот на Г-7

    Лидерите на г-7 пристигнуваат во Хирошима за утрешниот самит на кој ќе се разговара за построги санкции кон Русија и заштитата од кинеската „економска принуда“.

  • Свет 18.05.2023 09:39

    Нови воздушни напади врз Киев

    Руските сили повторно жестоко удрија врз Киев и украинските градови со дронови и ракети. Украинската противвоздушна одбрана тврди дека успеала да ги собори сите непријателски воздушни цели над метрополата, по што избувнале пожари во две киевски области од остатоците што паднале.

  • Свет 18.05.2023 09:39

    Регионот зафатен од поројни дождови

    Силно невреме ја зафати Србија. Изобилните врнежи предизвикаа поплави во Војводина. Три лица биле евакуирани, а две се повредени во невремето во Нови Сад.

Pages