Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул.
Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел, јавува ТВ Хабертурк.
Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул.
Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел, јавува ТВ Хабертурк.
Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран.
Белата куќа објави дека тоа било одмазда за претходен напад со беспилотно летало, во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал во воена база.
Расте гневот на демонстрантите во Франција. Во Бордо гореше зградата на Градското собрание. Значително поголем број луѓе од претходно протестираа против владината пензиска реформа. На протести се собраа над еден милион луѓе.
Украинските трупи, кои со месеци беа во дефанзива, најавуваат дека наскоро ќе почнат со контранапад, бидејќи се чини дека руската офанзива слабее.
Лидерите на ЕУ го поддржаа договорот за испраќање во Украина 1 милион куршуми артилериски гранати во следните 12 месеци. Брзата процедура беше усвоена за време на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана претходно неделава.
Во државната железница СНЦФ, сообраќајот на возовите е сериозно нарушен, така сообраќа секој втор TGV, во регионалниот сообраќај секој трет, но ова е во просек. На некои линии воопшто нема возови. Слично е и во париското метро.
Додека европските лидери во Брисел разговараат за итното зголемување и испорака на воена помош во Украина, во земјата борбите се разгоруваат. Москва се закани-испорачувањето на странско оружје во Украина е приближување кон нуклеарна апокалипса.
Во средата, шведскиот парламент со големо мнозинство усвои закон со кој ѝ се дозволува на земјата да се приклучи на НАТО, кој сè уште бара ратификација од сите 30 членки на воената алијанса.
Израелскиот парламент го усвои првиот, од десетиците закони што ја сочинуваат неговата спорна ревизија на судството, додека демонстрантите кои се противат на промените, продолжија со протестите за да алармираат поради, како што велат, падот на земјата кон автократија.
Синдикатите во Франција за денеска најавија нови протести поради пензиските реформи, први по неодамнешното усвојување на законот за пензиски реформи. Се очекува авиокомпаниите да откажат над 30 насто од летовите и да има прекини и во железничкиот сообраќај.