Утре во Давос почнува Светскиот економски форум. Во клучен момент за глобалната соработка, ќе собере близу 3.000 меѓусекторски лидери од над 130 земји.
Вклучувајќи близу 65 шефови на држави и влади и шест од лидерите на Г7.
Утре во Давос почнува Светскиот економски форум. Во клучен момент за глобалната соработка, ќе собере близу 3.000 меѓусекторски лидери од над 130 земји.
Вклучувајќи близу 65 шефови на држави и влади и шест од лидерите на Г7.
Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај иако законски може да се откупува до 28-ми февруари. Од производителите, откупувачите купија над 25 илјади тони по 419 денари за килограм.
Превозниците не треба да бидат жртви на неподготвеноста на институциите за системот за влез и излез во Шенген зоната, вели премиерот, по најавите дека камионџиите подготвуваат протест на граничните премини на 26 јануари.
Даночната култура во Штип расте од година во година. Во 2025 по основ на данок на имот во Општина Штип наплатени се 44 милиони денари, за 7 милиони повеќе од предминатата година.
Угостителите се недвосмислени – Законот против пушењето е рестриктивен, но во јавната расправа треба да се слушнат и нивните ставови и предлози. Да има лиценци за оние што ќе обезбедат услови за пушачите.
Отворањето врата за 10 илјади странски работници легално да работат во земјава е добар чекор на државата, оти само така може да се пополни празнината од недостигот на кадар, вели универзитетскиот професор Лазар Јовески, кој е и советник на премиерот Мицкоски.
10 илјади странски работници годинава ќе бидат дел од македонскиот бизнис. Владата ги одобри квотите. Најголем интерес има од работници од Бангладеш, Непал, Индија, Кина, Филипини, Турција.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја зајакнува и унапредува соработката со релевантните институции во државата, со посебен акцент на академската и научно-истражувачката заедница, како клучен партнер во креирањето одржливи, стручни и долгорочни политики во с
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.
Во Македонија нема доволно инспектори за да го контролираат спроведувањето на Законот за заштита од пушење што треба да почне да се применува од 1-ви март. Министерот Дурмиши вели дека ќе се вработат уште 40, но најрано летоска ќе почнат со контроли, откако ќе ги поминат неопходните обуки.