Живејачката на годишно ниво за 2025 поскапа за 4,1%, а цените на мало пораснале за 3,6%, измери Државната статистика. Инфлацијата, пак, во декември лани, во однос на ноември 2025 е повисока за 0,4%.
-
Економија 08.01.2026 18:37
-
Економија 08.01.2026 17:05
Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември
На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милион евра, информира Народната банка
-
Економија 08.01.2026 13:33
Инфлацијата за декември 2025 е 0,4%
Индексот на трошоци на живот во минатата година, споредбено со 2024-та бележи пораст од 4,1%, покажуваат последните податоци на Државната статистика. Декември вообичаено го празни џебот на граѓаните, а според статистика, инфлацијата минатиот месец споредбено со ноември, изнесува 0,4%. -
Економија 07.01.2026 17:04
Клуч на врата за трговците кои го изиграа законот
Засилени контроли и клуч на врата на сите маркети кои го изиграат законот со нефер трговски практики, најавува владата. Со законски корекции и построги казни ќе се стега обрачот околу трговците кои си поигруваат со стандардот на граѓаните преку раст на цените.
-
Економија 06.01.2026 17:05
„Солени“ цени за празниците
Пред празниците, повисоки цени на производите на зелените пазари. Костените кои традиционално се на трпезата на бадниковата вечер се продаваа од 150 до 200 денари во зависност од сортата, тиквата за 50 денари за килограм. Се купува помалку, но од сè по нешто.
-
Економија 06.01.2026 13:53
Метеж на пазарите, семејствата вечер се собираат на посна трпеза
Граѓаните растрчани низ пазарите, денеска ги правеа последните подготовки за празничната трпеза. Иако се жалат оти има и солени цени, сепак, зависно од џебот, од сè по нешто ќе има на масата.
Известува Марина Стојанова-Тонева
-
Економија 05.01.2026 18:28
Граѓаните сè почесто купуваат онлајн
Ако до лани зборувавме дека онлајн продажбата е сè уште баук кај нас, бројките покажуваат дека нештата вртоглаво се смениле. Граѓаните сè почесто купуваат онлајн.
-
Економија 05.01.2026 17:19
Над 92% реализација на буџетот
Државата лани собрала околу 92 проценти од планираните приходи. Министерката за финансии потврди дека дел од институциите потфрлиле но во исто време, тоа не било причина да не ги трошат парите што ги имале на располагање, па затоа Димитриеска-Кочоска најави законски измени.
-
Економија 05.01.2026 13:34
Раст од 30% на е-трансакции во споредба со лани
И во првите 9 месеци годинава вредноста на онлајн трансакциите има двоцифрен раст. Стигнале близу 700 милиони евра.
Известува Александра Спировска
-
Економија 05.01.2026 13:24
Активности за воведување е-фактура
Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Од финансии и од УЈП велат дека станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност.










