Мартовското усогласување на платите не е она што го бараме, децидни од Сојузот на синдикатите. Не се согласуваат пратениците да си ги зголемат примањата за 250 евра, а работниците, како што велат – да чекаат милостина од 1.500 денари.
-
Економија 14.01.2026 17:14
-
Економија 14.01.2026 16:18
10-та еврообврзница со две транши по 500 милиони евра
Македонија се задолжи за една милијарда евра преку издавање на десеттата еврообврзница. Министерката за финансии вели дека постигнатите каматни услови се меѓу најповолните, што според неа ја потврдува позицијата на државата како стабилен и кредибилен издавач на меѓународните финансиски пазари.
-
Економија 14.01.2026 13:36
Стратегија за мали и средни претпријатија
Презентирана националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030. Дефинирани клучните насоки за зголемување на конкурентноста и иновациите, унапредување на пристапот до финансии и поддршка на зелената и дигиталната транзиција. -
Економија 14.01.2026 13:35
Македонија издаде нова еврообврзница
Голем интерес што се вреднува со износ од над четири милијарди евра пројавија меѓународните инвеститори за десеттата еврообврзница емитувана во две транши по 500 милиони евра што ја издаде Министерството за финансии.
-
Економија 13.01.2026 20:25
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот
-
Економија 13.01.2026 15:58
По 13 години нафтоводот Солун – Скопје повторно пуштен во функција
По 13 години застој, во функција е нафтоводот Солун – Скопје. На последниот ден од годината пуштен е во употреба нафтоводот, соопшти извршниот директор на „Helleniq Energy“, Андреас Сиамисис објавија грчките медиуми.
-
Економија 13.01.2026 14:08
Божиновска-Кавахара: Продлабочување на соработката за безбедна и одржлива енергетска иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Сецуко Кавахара.
-
Економија 13.01.2026 11:09
Владата го усвои Годишниот план за Праведна транзиција 2026
Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата.
-
Економија 12.01.2026 20:41
3,5 милиони патници и раст од 9% на двата македонски аеродроми во 2025 година
Двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид, во 2025 година опслужиле вкупно 3.475.288 патници, што претставува зголемување од 9 отсто во споредба со 2024 година, соопшти ТАВ Македонија.
-
Економија 12.01.2026 14:38
Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е поради авионскиот превоз
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оценува дека инфлацијата во декември 2025 година останува стабилна, а месечниот раст од 0,4 проценти е резултат речиси исклучиво на зголемувањето на цените во авионскиот превоз.










