Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа мало
-
Економија 05.01.2026 12:44
-
Економија 04.01.2026 17:00
Охрид годинава со најголем буџет
Општина Охрид годинава ќе располага со историски најголем буџет. Станува збор за околу 2,4 милијарди денари, што, според градоначалникот, е резултат на позитивното финансиско работење во изминатите години и обезбедува стабилност и континуитет во реализацијата на капиталните проекти.
-
Економија 04.01.2026 13:41
Над 110 лица се самовработија со поддршката на Владата во струмичко
Повеќе од 110 лица се вработија и отворија свои бизниси во струмичко преку Програмата за самовработување и поддршка на нови вработувања на Владата.
-
Економија 03.01.2026 13:37
Откупен родот на тутунот
Еден месец пред крајниот рок, откупот на тутунот заврши. Десетте компании до Нова година презедоа преку 23.100 тони по речиси 420 денари за килограм.
По празниците откупувачите ќе ги преземат и останатите околу 1.500 тони со што ќе се заокружи реколтата.
-
Економија 03.01.2026 11:09
УЈП: Во 2025 година буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година.
-
Економија 02.01.2026 20:24
Дурмиши: Новите закони носат удар врз сивата и силна поддршка на формалната економија
Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, бидејќи директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
-
Економија 02.01.2026 19:00
Николовски: Во 2025-та наплативме 2,14 милијарди евра, во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024-та
Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година.
-
Економија 02.01.2026 18:02
Закони за сезонска работа и за поддршка на инвестициите
Невработени, студенти, ученици, пензионери од годинава можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите привилегии. Стапи во сила новиот Закон за ангажирање сезонски работници. Работодавачите добиваат плус кадар, оние кои сакаат дополнителни приходи – можност да заработат.
-
Економија 02.01.2026 17:00
Продолжуваат инвестициите во железницата
Со поддршка од Брисел за изградба на тунелот кој треба да ги поврзува македонската и бугарската пруга, надминат е застојот во изградба на делницата три од коридор осум. Годинава ќе биде распишан тендер за делницата од Крива Паланка до тунелот во Бугарија.
-
Економија 02.01.2026 13:39
Законот за сезонски работници влезе во сила
Нов обид за формализација на сивата економија за да се намали бројот на оние кои работат на црно, а се проценува на 85 илјади. Од вчера во сила е законот за сезонски работници. Вработени, невработени, ученици, студенти, пензионери ќе можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите права.










