Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари, што е зголемување од 921 денар во однос на декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
-
Економија 20.01.2026 16:50
-
Економија 20.01.2026 16:30
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
„Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
-
Економија 20.01.2026 14:11
Повисоки цени на горивата од полноќ
Од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати во земјава се зголемуваат за 1,5 до 2 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа последна корекција, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 2,46 отсто.
-
Економија 20.01.2026 13:40
Откупена главнината од ланската реколта тутун
Иако откупот на минатогодишниот род на тутунот завршува крајот на февруари, најголем дел е веќе предаден на пунктовите. Тутунопроизводителите велат време да започне нова рунда преговори за цената за новата реколта. Во Прилеп беше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
-
Економија 20.01.2026 11:18
ММФ ја зголеми прогнозата за раст на глобалната економија
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната економија во 2026-та година. Треба да порасне на 3,3 проценти годинава. Во октомври, беше предвиден раст од 3,1 процент.
ММФ очекува стабилен раст во 2027 година, со стапка од 3,2 проценти.
-
Економија 20.01.2026 08:39
Мицкоски во Давос, најавени бројни состаноци за нови инвестиции
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација учествува на 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос. Тој ќе оствари серија билатерални средби на кои ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.
-
Економија 20.01.2026 08:21
При кај откупот на тутун од ланската реколта
Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај, иако може да се откупува до 28-ми февруари. Откупувачите од производителите откупија преку 25 илјади тони по 419 денари за килограм.
-
Економија 19.01.2026 19:11
Приносите на мед во струмичко се намалуваат – се бара нов модел на субвенционирање
Лошото време негативно ќе се одрази врз пчеларство. Ниските утрински и дневните високи температури бараат дополнителна заштита на пчелните семејства тврдат од „Пчелин рај“ од Струмица. Од таму велат дека од година во година се намалуваат приносите токму заради климатските промени.
-
Економија 19.01.2026 17:41
Јануари останува најскап месец
Јануари убав, празничен, со многу обичаи. Ама и со најмногу трошоци. Повеќе од 40.000 денари ги чинеше граѓаните да празнуваат. И без да користат аранжмани или гостувања. А, на месецот рано му е крајот.
-
Економија 19.01.2026 16:27
Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен до крајот на годината
Ветувањето дека автопатот Охрид-Кичево ќе биде изграден до крајот на годината останува. Но, сепак не можеме да ги предвидиме временските услови, бидејќи минатата есен беше многу врнежлива, поради што може да се одложи пуштањето во употреба на автопатот наместо во декември во март.









