Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржи средба со претставници на стопанските комори за зголемувањето на минималната плата.
-
Економија 28.06.2017 10:58
-
Економија 28.06.2017 10:34
Продолжен рокот за пријавување на ИПАРД огласот
Наместо до 23-ти јуни огласот за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата ќе трае еден месец повеќе, односно до 21-ви јули. Продолжувањето на рокот за пријавување е да се одговори на барањата на потенцијалните корисници за подготовка на целосната документација.
-
Економија 27.06.2017 16:29
Самитот во Трст ќе го приближи регионот кон ЕУ
Германија, Франција, Австрија, Италија, поддржани од Словенија и од Хрватска ќе се обидат да ја придвижат економската интеграција на шесте земји од Западен Балкан кон ЕУ.
-
Економија 27.06.2017 13:59
Нови цени на горивата: Бензинот поевтинува за 2 денари- дизелот за 1,5
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,19 односно за 3,48 проценти.
-
Економија 27.06.2017 12:49
Заев најави трајно решение за фабриката Колска
Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на синдикатот од фабриката за шински возила, Колска, од Велес. Според Заев, уште денеска треба да почне решавањето на проблемот на вработените, кои шест месеци немаат земено плата, а треба да се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката.
-
Економија 27.06.2017 11:44
Експерти: Следува нова финансиска криза
Добар дел од светот се уште се опоравува од последната глобална финансиска криза, а веќе се приближува следната, тврдат угледни економисти за „Индепендент“.
-
Економија 23.06.2017 14:20
ЕЛЕМ: Целокупната тендерска документација на увид
Владата му наложи на ЕЛЕМ да го поништи тендерот за набавка на опрема за ископ на јаловина за РЕК Битола, вреден 34 милиони евра. Се сомнева во злоупотреби. Од ЕЛЕМ, пак, ги демантираа ваквите наводи. Целокупната тендерска документација ќе ја стават на јавен увид.
-
Економија 23.06.2017 12:52
Николовски: Поддршка од 6 денари за килограм праски
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски соопшти- донесена е мерката за дополнителна поддршка од 6 денари за килограм праски, кои ќе се откупуваат по 5 денари до 30-ти јуни.
-
Економија 22.06.2017 15:32
Се подготвува ребаланс на буџетот
Во ресорот за финансии забрзано се работи на корекциите на државната каса за годинава. Анализите и интензивната комуникација со министерствата и другите корисници на буџетски средства треба да покажат кај кои ставки ќе има кратење или пак, евентуално зголемување на износите.
-
Економија 22.06.2017 14:59
Законот за социјално претприемништво по мерка и на социјалните претпријатија
Законот за социјалното претприемништво се очекува да ја подобри социјалната слика на ранливите категории. Странските искуства покажуваат дека формирањето на ваков тип на претпријатија придонесува за отворање на нови работни места. Можат да се користат и европските фондови.










