Белоруската тенисерка Арина Сабаленка од повторно е прв светски рекет. ВТА денес ја објави ажурирана верзија на ранг-листата во сингл, во која Сабаленка ја престигна Ига Швјонтек од Полска.
Тенис
Блог вести
-
Тенис 21.10.2024 11:35
-
Тенис 10.10.2024 12:21
Рафаел Надал најави крај на кариерата
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на професионалната кариера. Последниот турнир на Шпанецот ќе биде финалето на Дејвис купот во Малага, во ноември.
-
Тенис 09.10.2024 08:55
Ѓоковиќ постави рекорд по процент на освоени натпревари на Мастерс турнирите
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пласманот во четвртото коло на Мастерсот во Шангај постави рекорд по процент на добиени натпревари на турнирите од оваа категорија – 82,02 %.
Ѓоковиќ победи на 406 натпревари, а загуби 89. Претходниот рекорд му припаѓаше на Рафаел Надал – 82% (410:90).
-
Тенис 08.10.2024 10:17
Осака поради повреда се повлече од турнирот во Токио
Поранешната најдобра светска тенисерка, Јапонката Наоми Осака, се повлече поради повреда од ВТА турнирот во Токио, објавија организаторите денеска, една недела пред почетокот на турнирот.
-
Тенис 07.10.2024 09:16
Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг
Американската тенисерка Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг, откако во финалето ја совлада Чешката тенисерка Каролина Мухова со 6:1, 6:3.
-
Тенис 27.09.2024 18:46
Ѓорческа избори полуфинале на фјучерс во Србија
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот од серијата 75 во Куршумлијска Бања, откако во денешниот четвртфинален дуел ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ со 2-0 (6-4, 6-3).
-
Тенис 26.09.2024 16:18
Сабаленка сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот
Арина Сабаленка, вториот светски рекет во женскиот тенис, изјави дека нејзината главна цел е сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот.
-
Тенис 25.09.2024 11:00
Алкараз обезбеди учество на Завршниот АТП турнир
Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП, објавено е на веб-страницата на организацијата.
Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев.
-
Тенис 16.09.2024 11:09
Без промени во Топ 5 на АТП и ВТА ранг- листата
Најновата АТП ранг- листа не донесе промени во пласманот на најдобрите петмина тенисери кои ги предводи Јаник Синер.
Италијанецот е водечки со 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од второрангираниот Александр Зверев од Германија.
-
Тенис 13.09.2024 20:35
Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ВТА Челинџер
На ВТА Челинџер 125 турнирот што се игра во Љубљана, Словенија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето во двојки.










