Министерката за култура ги соопшти резултатите од 4-тиот конкурс за креативни индустрии. Поднесени биле 114 пријави, а 61 проект ќе добие финансиска поддршка. Триесет од прифатените се на физички лица, 31 на граѓански здруженија и други правни субјекти.
Вести
-
Култура 22.01.2016 13:45
-
Македонија 22.01.2016 13:05
Средба на премиерот Димитриев со членовите на ДИК
Во тек е средба на претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, со членовите на Државната изборна комисија.
-
Економија 22.01.2016 12:38
„Ендава“ вработи над 100 ИКТ професионалци
Британска „Eндава“ досега вработила 100 професионални од информатичко – комуникацискиот сектор. Од компанијата велат дека канцеларијата во Скопје веќе се профилирала како значаен центар за испораки во странство.
-
Македонија 22.01.2016 12:25
Оглас за субвенции во земјоделска опрема и механизација
Објавен е огласот за субвенции во земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култруи. Аплицирањето е електронски и трае до 20- ти февруари.
-
Македонија 22.01.2016 12:20
Објавен новиот конкурс за пилоти во АРМ
Министерството за одбрана го објави новиот конкурс за пилоти во Aрмијата на Република Македонија. Од одбраната со апел до сите млади лица кои ги исполнуваат условите, да се пријават за оваа уникатна можност да бидат армиски пилоти.
-
Македонија 22.01.2016 11:53
Издадени 887 потврди на мигранти за изминатите 24 часа
За 24 часа издадени се вкупно 887 потврди на странски државјани, соопшти МВР. Најбројни се Aвганистанците- 397, потоа од Сирија- 358 и од Ирак- 132 лица.
-
Свет 22.01.2016 11:25
Албанија амнестира 900 затвореници
Вкупно 900 осуденици беа ослободени вчера попладне од албанските затвори, откако во сила стапи Законот за амнестија, додека 8 илјади, кои биле осудени пред 30 ноември 2015 година, добија намалување на казните.
-
Свет 22.01.2016 10:55
Пронајдени тела на бегалци во Егејското Море
Грчката крајбрежна стража соопшти дека најмалку 21 лице загинало во два одделни инциденти со потонати чамци крај бреговите на грчките острови во текот на изминатата ноќ.
Десет лица преживеале, а во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на уште преживеани.
-
Свет 22.01.2016 10:42
Тројца загинати во снежно невреме во САД
Најмалку три лица загинаа во изобилните снежни врнежи во повеќе региони на источниот брег и во централниот дел на САД.
Во текот на денешниот ден и утре, наместа се очекува снежна покривка и до 60 сантиметри, особено во Вашингтон, што ќе биде рекорд во последниот век.
-
Свет 22.01.2016 10:39
Каиро: Најмалку 6 загинати во експлозија во Гиза
Шест лица, вклучувајќи тројца полицајци загинааа, а 17 лица беа повредени во експлозија на бомба во Каиро, во туристичкиот кварт Гиза.
Полицајците спроведувале рација во стан на осомничени екстремисти, кои во тој момент подготвувале бомба која детонирала.










