Емил Димитриев ќе биде седмиот македонски премиер. Ќе ја предводи преодната влада во стоте дена, односно до изборите. Иако е технички, правно ќе има мандат за работа како и неговите претходници.
Вести
-
Македонија 15.01.2016 16:17
-
Економија 15.01.2016 16:14
Стартува проектот „Купи куќа за млади“, интересот голем
Стартува проектот „Купи куќа за млади“ до 35 години. Барањето за кредит и сите документи, апликантите може да ги достават на шалтерите во осум комерцијални банки. Службите во канцеларијата на Министерството за финансии со полни раце работа. Ги советуваа оние кои дојдоа да се информираат.
-
Македонија 15.01.2016 15:23
Екстрадиран обвинет за кумановските настани
Од Србија е екстрадиран македонски државјанин oсомничен за сторено кривично дело „тероризам“, поврзан со настаните во кумановската населба „Тоде Мендол“, соопштуваат од Јавното обвинителство.
-
Економија 15.01.2016 15:20
2 милиони евра од ЕБОР за велешки „Брако“ за нови инвестиции
Фабриката „Брако“ од Велес доби 2 милиона евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за нови инвестиции.
-
Македонија 15.01.2016 15:18
Еврокомесарот Хан во Скопје на заедничка средба со партиските лидери
Во резиденцијата на ЕУ во Пржино завршија одделните средби на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан со лидерската четворка.
За попладне е најавена заедничка лидерска средба со Хан, на која ќе присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Бејли и Орав.
-
Култура 15.01.2016 14:25
Канческа-Милевска ја посети Спомен-костурницата од НОВ во Велес
Во завршената реконструкција на Спомен-костурницата од НОВ во Велес денеска увид направи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмани, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и директорите на културните институции од г
-
Македонија 15.01.2016 14:09
Апелација ја потврди пресудата за случајот „Фаланга 2“
Скопска Апелација ја потврди првостепената пресуда за случајот „Фаланга 2“. Шестмина обвинети меѓу кои и екс- директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ќе одлежат затворски казни за трговија со артефакти.
-
Економија 15.01.2016 14:06
Раст на прометот на индустријата и на домашниот и на странскиот пазар
Прометот во индустријата во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи раст од 10,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
-
Свет 15.01.2016 13:55
Идниот петок Орешковиќ ќе ја претстави новата хрватска влада
Претседателот на хрватскиот Сабор, академикот Жељко Реинер најави за во петок на 22 јануари, прво редовно заседание на новиот состав на саборот, на кое мандатарот Тихомир Орешковиќ пред парламентот ќе ја претстави својата нова влада и нејзината програма.
-
Македонија 15.01.2016 13:52
За еден месец откупени над 10.000 тони тутун, просечна цена 186 денари
За еден месец се откупени над 10 илјади тони тутун од годинашната реколта, соопшти Министерството за земјоделство. Просечната откупна цена е 186 денари по килограм, а кај одредени откупувачи и над 190 денари.










