Вести

  • Економија 04.12.2015 16:13

    Исплатена ноемвриската пензија

    Легна ноемвриската пензија. На сметките наоколу 300.000 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Од Министерството за финансии велат дека исплатата ќе се одвива редовно. Девет години пензиите се исплаќаат во првата недела од месецот.

  • Македонија 04.12.2015 16:05

    Повеќе пари за нови методи за лекување

    Нови сложени операции од в година ќе се изведуваат во градската болница „8 Септември“. Фокусот ќе биде на интервентна кардиологија и радиологија, а нови начини на лекување ќе има и на одделенијата за неврохирургија и ревматологија.

  • Култура 04.12.2015 15:44

    Доделени уште 35 лиценци за конзервација

    Уште 35 експерти добија лиценци за вршење заштита на нашето непроценливо културно наследство, како sидното сликарство, вредните икони, сликарските дела, мозаиците, архитектонското и археолошкото наследство.

  • Македонија 04.12.2015 15:31

    Груевски: Шест нови училишта ќе се градат в година, досега изградени 72

    За следната година планирана е изградба на шест нови училишта. Во моментов две се во фаза на изградба, а досега се изградени 72 целосно нови училишта. До крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

  • Македонија 04.12.2015 15:25

    Втор дневен центар за лица со посебни потреби

    Се дружат, изработуваат предмeти од пластелин и готват,  секојдневие во дневниот центар за лица со посебни потреби над 18 години. Чедомир Трајковски, е родител на дете со попреченост и вели дека ваквите центри се од голема полза и за семејствата.

  • Македонија 04.12.2015 15:20

    Нов современ компјутерски томограф на Клиниката за неврологија

    Нов современ комјутерски томограф на Клиниката за неврологија за полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите. Инвестицијата е вредна 20 милиони денари. Досега на Клиниката имаше апарат со застарена технологија, па пациентите се препракале на радиологија –  нагласи премиерот Груевски.

  • Македонија 04.12.2015 15:06

    Хамарчек: За Македонија се бориме во НАТО

    Се обраќам пред вас, свесен дека зборувам во парламентот на земја која ќе биде членка на Европската Унија, рече чешкиот прв парламентарец Хамарчек. Смета дека не треба да обесхрабрува тоа што 10 години Македонија има кандидатски статус, а се уште не ги почнала преговорите за членство.

  • Македонија 04.12.2015 14:45

    Две нови намалувања на цените на лековите наредната година

    По осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, наредната година се планирани две нови намалувања, најави денеска премиерот Никола Груевски.
     
  • Македонија 04.12.2015 14:43

    Метео: Сончево со мала локална облачност за викендот

    Во текот на викендот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност, а поради слабо изразеното воздушно струење во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

  • Економија 04.12.2015 14:25

    Извозот до ноември 3,73 милијарди долари

    Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-октомври годинава, изнесува 206.127.946.000 денари (3.727.580.000 долари, односно 3.345.588.000 евра), а на увозот 290.579.578.000 денари (5.253.133.000 долари, односно 4.716.335.000 евра), објави денеска Државниот завод за

Pages